В.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ во интервјуот за ЦИВИЛ Медиа ги најави следните планови и очекувања на Управата.
View this post on Instagram
„Краткорочно, мислам дека во следните месеци министерот за правда, господинот Кренар Лога ќе ги процесира измените и дополнувањата на Законот за извршување на санкции и поддршката што ја дава во однос на документацијата што се процесуира во однос на КПД „Идризово“ е на ниво. Во тек и вработувањето, како што реков, моја претпоставка и очекувања се дека до 15 август ќе бидат реализирани. Се надевам дека до есен ќе може да се распише тендерот за почеток на втората фаза за изградба и доградба на КПД „Идризово“, изјави Стојановиќ.
Б. Јордановска