• Latest
Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Столтенберг: Еден за сите, сите за еден е суштината на НАТО

February 15, 2024

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Столтенберг: Еден за сите, сите за еден е суштината на НАТО

February 15, 2024 09:03
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Share on FacebookShare on Twitter

Членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во Брисел, на кое учествува и министерката за одбрана Славјанка Петровска. -Еден за сите, сите за еден е суштината на НАТО, истакна Столтенберг во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на најверојатниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп дека НАТО нема да ги штити европските сојузници кои не издвојуваат „доволно“ за одбраната.

Во однос на најавите од Европа по ваквата изјава на Трамп за европска стратешка автономија, Столтенберг истакна дека ги поздравува зголемените инвестиции на европските сојузници во одбраната и зајакнувањето на нивните капацитети, но дека тоа не е алтернатива на НАТО, пренесува МИА.

-Треба да го зајакнеме НАТО, а не да правиме поделба меѓу Европа и Северна Америка, мора да останеме заедно во НАТО, изјави Столтенберг, додавајќи дека силата на Алијансата е во тоа сите членки да останат заедно и да се штитат сите сојузници.

Тој додаде дека веќе се видливи последиците од тоа што Конгресот на САД се уште не ја одобри одлуката за продолжување на помошта за Украина, посочувајќи дека за ова прашање разговарал со неговите американски домаќини при неодамнешната посета на Вашингтон.

– Ако дозволиме (рускиот) претседател Путин да победи, тоа ќе биде лошо за Украина и Украинците, но исто така ќе претставува опасност за нас, ќе не доведе во поголема опасност и ќе не направи поранливи, рече Столтенберг.

Тој нагласи дека членките на НАТО треба да инвестираат повеќе во одбраната, додавајќи дека минатата година е забележан е невиден пораст од 11 отсто за одбранбените трошоци од страна на европските сојузници и Канада.

– Оваа година очекуваме 18 сојузници да потрошат два отсто од својот БДП за одбраната. Европските сојузниците заедно ќе потрошат вкупно 280 милијарди американски долари во одбраната. Ова изнесува два отсто од нивниот комбиниран БДП, додаде Столтенберг.

Според него, потребно е продолжување на поддршката за Украина, која придонесува за зајакнување на потенцијалот на украинските безбедносни сили, што е видливо и на бојното поле.

– За да бидеме сигурни дека Украина ќе го добие оружјето и муницијата кои и се потребни, треба да го зголемиме производството на муниција, изјави Столтенберг.

Тој ја поздрави неодамнешната одлука на Европската унија да одвои 50 милијарди евра помош за Украина и изрази надеж дека и Конгресот на САД наскоро ќе го поддржи пакетот за поддршка на земјата.

– Поддршката за Украина е милостина, тоа е инвестиција во нашата безбедност, заклучи Столтенберг.

Tags: НАТОСАДСтолтенберг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ