• Latest
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (фото извор: Каналот на Телеграм на Украинската Верховна Рада)

Столтенберг: Нема да има реприза на 90-тите, НАТО е подготвен да го зачува мирот на Косово

October 8, 2023

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Столтенберг: Нема да има реприза на 90-тите, НАТО е подготвен да го зачува мирот на Косово

October 8, 2023 22:27
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (фото извор: Каналот на Телеграм на Украинската Верховна Рада)

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (фото извор: Каналот на Телеграм на Украинската Верховна Рада)

Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази голема загриженост за ситуацијата на северот на Косово и рече дека силите на Алијансата се подготвени да го зачуваат мирот, повикувајќи ги Србија и Косово да се вратат на преговорите со помош на Европската унија, бидејќи тоа е единствениот одржлив начин да се постигне траен мир.

Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт“ посочи дека е многу важно да се вложат дополнителни дипломатски напори во решавањето на косовското прашање.

„Сакам јасно да ставам до знаење дека силите на НАТО се подготвени да го зачуваат мирот на Косово. Нема да дозволиме да се врати насилството од 90-тите години“, истакна Столтенберг, пренесува Косово онлајн.

Во врска со конфликтот во Украина и руската реторика во однос на употребата на тактичко нуклеарно оружје, Столтенберг ги окарактеризира овие закани како „целосно неодговорни“ и оцени дека ризикот Русија да употреби нуклеарно оружје останува низок.

Тој објасни дека Русија ја разбира бесмисленоста на започнување нуклеарна војна, нагласувајќи дека „нуклеарна војна никогаш не може да се добие и никогаш не треба да се започне“.

Говорејќи за очекуваните засилени руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина во текот на зимските месеци, Столтенберг ја истакна важноста на системот за воздушна одбрана за заштита на животите на Украинците.

Коментирајќи ги политичките настани во Источна Европа, Столтенберг укажа на неодамнешните избори во Полска и напорите за формирање влада во Словачка.

Тој посочи дека Словачка и Полска се сигурни пријатели на Украина, кои на Кијив му обезбедуваат клучна воена опрема, вклучително и борбени авиони.

Столтенберг изрази уверување дека, без оглед на идните влади во Братислава и Варшава, сојузниците од НАТО ќе продолжат заедно да ја поддржуваат Украина.

Г. Т.

Tags: Војна во УкраинаКосовоНАТОСрбијаСтолтенберг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ