• Latest

Столтенберг: Западниот Балкан е од стратешка важност за НАТО

January 26, 2024

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Столтенберг: Западниот Балкан е од стратешка важност за НАТО

January 26, 2024 12:03
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Западниот Балкан има стратешка важност за НАТО и затоа Алијансата е воено присутна во регионот, во услови кога состојбата во него е кревка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по денешната средба со црногорскиот премиер Милојко Спасиќ во Брисел, на која главни теми биле состојбите во Косово и во БиХ, руската агресија врз Украина и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон.

– Затоа сме многу загрижени кога гледаме насилство како она минатата година во Косово, истакна Столтенберг, додавајќи дека ваквите појави се неприфатливи и како одговор на нив, НАТО го засили своето воено присуство на терен, испраќајќи дополнителни војници во составот на силите на КФОР, кои се таму со мандат на ОН.

Столтенберг истакна дека НАТО работи на гарантирање на стабилноста и заштитата на сите заедници во Косово, како и дека целосно го поддржува дијалогот што се води меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

Тој најави дека членовите на Северноатлантскиот совет следната недела ќе ја посетат Босна и Херцеговина за да ја искажат силната поддршката на НАТО на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

– Сите политички лидери мора да работат на зачувување на единството, што е од клучно значење за стабилноста на земјата и на регионот, истакна генералниот секретар на НАТО.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, босанските лидерите мора да се воздржат од подбуцнувачка реторика и да го почитуваат територијалниот интегритет на БиХ во нејзините меѓународно признати граници.

Потсетувајќи дека наскоро ќе се навршат две години од почетокот на руската агресија врз Украина, Столтенберг се заблагодари за поддршката на Црна Гора на Киев преку сеопфатниот пакет за помош на НАТО.

– Но, сојузниците од НАТО и ЕУ треба да отидат чекот напред и да обезбедат дополнително финансирање за Украина во ова критично време, бидејќи ако (рускиот) претседателот (Владимир) Путин победи во Украина, постои ризик дека повторно ќе ги употреби своите сили, истакна Столтенберг.

Од тој аспект, Столтенберг нагласи дека членството на Шведска е од клучна важност за зајакнување на НАТО во целина и ја поздрави турската ратификација на приемот на земјата во Алијансата, изразувајќи надеж дека овој пример ќе го следи и Парламентот на Унгарија и дека ќе ја заврши ратификациската постапка до крајот на февруари.

Столтенберг додаде дека Црна Гора е важен член на НТАО, која има свои војници во состав на силите на Алијансата распоредени во Бугарија и Летонија по руската агресија врз Украина, како во Ирак во рамки на мисијата за обука на ирачките безбедносни сили.

Спајиќ, од своја страна, нагласи дека денешната негова средба со Столтенберг била можност за продолжување на нивниот разговор започнат на средбата на лидерите на земјите членки на НАТО од регионот на Југоисточна Европа во Скопје и ја повтори посветеноста на Црна Гора на регионалната соработка и зачувувањето на мирот и стабилноста.

– Како регион од стратешка важност, се согласивме дека Западниот Балкан треба да остане меѓу приоритетите на НАТО во пресрет на Самитот во Вашингтон, истакна Спајиќ.

Тој додаде дека Црна Гора во Буџетот за 2024 година ги зголеми средствата наменети за одбраната на ниво од 2,1 проценти од БДП, надминувајќи ја со тоа целта од два отсто поставена од НАТО, при што 35,24 проценти од оваа сума ќе биде неменета за модернизација на вооружените сили.

Tags: Западен БалканНАТОСтолтенберг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ