Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска доаѓа во дводневна посета на Македонија. Ова е прва посета на земјава на генерален секретар на Алијансата, по три години пауза.
Според агендата, Столтенберг треба да се сретне се претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев како и со министрите за надворешни работи и одбрана, Нилола Димитров и Радмила Шекеринска, со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со лидери на други политички партии. Во четвроток генералниот секретар на Алијансата ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија.
Според министерката за одбрана, Радмила Шекериска, посетата на Столтенберг е порака сама по себе. Според неа во изминатите шест месеци Македонија се вратила назад на евроатланската патека.
На последната посета со премиерот Зоран Заев, во седиштето на Алијансата во Брисел, генералниот секретар изјави дека вратата на НАТО останува отворена и дека ја подржува Македонија на патот за членство во сојузот.
Последен пат во државата беше Андерс Фог Расмусен, во 2014 година, пред да му истече мандатот.
Д.М