• Latest

Столтенберг: Пред девет месеци бевте на работ

January 18, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Столтенберг: Пред девет месеци бевте на работ

January 18, 2018 13:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денес, стојам пред вас, за вашата посветла иднина. Сакаме оваа земја да биде слободна и безбедна. Сите ваши пријатели сакаат да ве видат во НАТО“, кажа Јенс Столтенбер, генерален секретар на Алијансата, од говорницата на македонскиот парламент денеска.

Столтенберг два пати јасно ги потенцира настаните во Собранието, во април минатата година и кажа дека тие ги шокирале сите членки на НАТО.

Столтенберг кажа дека во НАТО се импресионирани од напредокот од тие настани до сега, особено од градењето инклузивна политичка култура. „Колку поинклузивно е општеството, толку тоа е поуспешно. Каде има добро управување има и истрајност“, рече тој.

Индивидуални слободи и владеење на правото се дел од битието она што НАТО е денес, кажа Столтенберг во својот говор. Како поранешен политичар со долго искуство во Норвешка, тој потенцираше дека разбира со што се соочува државата. Изрази силна подршка за нашите напори за влез во Евроатланските интеграции и НАТО.

„За мене беше горд момент кога гледав како се издига знамето на Црна Гора пред седиштето на НАТО. Но, има доста место за нови знамиња. Импресионирани сме од вашите напори и НАТО сака да успеете.“ – кажа Столтенберг во својот говор во кој имаше низа пофалби, признанија и охрабрување.

Сепак, Столтенберг не испушти да каже дека мора уште многу да се работи: „Убаво е да се биде амбициозен, но мора и да се биде реален. Има уште работи да се завршат. Решавање на прашањето со името. Предолго време тежи ова прашање. Ја поздравувам волјата на вашата влада да се реши ова прашање“. Тој додаде и дека земјите ченки се обврзани со заеднички вредности.

„Ве поздравуваме за истрајување на патот за реформи, вклучително за планот 3-6-9. Усвојуването на Законот за употреба на јазиците е важен чекор. Реформите за надзор и транспарентост за службите за безбедност се добар чекор, меѓутоа очекуваме да се спроведат реформи и во изборите, медиумите… Диверзитетот е сила, не е слабост“, истакна генералниот секретар на НАТО и додаде дека „вратата на НАТО  е отворена за нови членови, но преминување на прагот бара сериозна работа“.

Тој ја препозна суштинската улога на граѓанското општество и истакна дека треба да се подобрат добрососетски односи, како што е ратификацијата на договорот со Бугарија.

Генералниот секретар на Алијансата не ги потценува предизвиците со кои се соочува државата и вети дека ќе ја поддржи во напорите.

„Пред 9 месеци се движевте по работ на една карпа, сега се движите кон Евроатланските процеси и НАТО. Вие и ние ги имаме алатките, во НАТО имате вистински пријател“, додаде Столтенберг, кој својот говор го заврши со зборовите: „Во НАТО имате вистински пријател!“

Дехран Муратов

Tags: Јенс СтолтенбергМакедонијанапредокНАТОреформиСобрание
Share283TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ