Стоп на дивеењето на улиците и булеварите е мотото на утрешниот протест, кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија, со почеток во 18 часот, организиран од здружението Критична маса – Враќањето на бебешките колички на тротоарите.
На социјалните мрежи тие велат дека причината на овој протест е неспособноста на надлежните органи како МВР, да ги спречат дивеењата на возилата и моторите, кои неретко усмртуваат некој пешак.
„Да излеземе на протест и побараме од државните избраници да нè заштитат, вршејќи притисок врз МВР да конечно почне да ги санкционира прекршителите на време, пред да се случи нова трагична несреќа!“, велат од здружението.
А.П.