• Latest

Стоп за злосторствата против човештвото!

June 26, 2017
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стоп за злосторствата против човештвото!

June 26, 2017 23:12
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура, 26 Јуни, секоја година претставува мачен потсетник за сè поголемиот број жртви на сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување, но истовремено, повикува на солидарност и поддршка на сите кои поминале низ процесот на мачење и негирање на човечкото достоинство.

Тортурата е кривично дело според меѓународното право, што ги обврзува сите членови на меѓународната заедница, без разлика дали некоја држава ги ратификувала меѓународните договори, да се борат против систематското практикување на тортурата, односно злосторството против човештвото.

Амнести Инернашнл пред повеќе од 30 години започна кампања против тортурата #StopTorture, за поддршка на жртвите од целиот свет и подигање на јавната свест за сериозноста од последиците, не само на жртвите, туку и на цели генерации поведени од идејата дека насилството е начин за остварување на одредена цел.

Токму, војните, бегалските миграции, затворањето на границите, како национална безбедносна мерка, оставаат простор за ширење на нехуманост и нечовечки третман, овозможувајќи тортурата и насилството да се вкоренат како пракса.

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро го осудува секој обид на брутално газење на човечковите права и слободи, негирањето на човековото достоинство и физичкото насилство. Македонија не е лишена од тортура, а според последните наоди, условите во затворите се алармантна приказна на која институциите мора итно да реагираат, посебно по големиот број смртни случаи. Политичките затвореници, претепани новинари, злоупотребата и насилството врз децата, говорот на омраза, доплнително го одбележа насилството во   Македонија минатата година, за што надлежните институции мора да преземат одговорност и мерки за спречување.

„Народниот правобранител како Национален превентивен механизам врши континуиран мониторниг во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и постојано алармира за нехуманите услови и понижувачкиот третман на којшто се изложени лицата во овие места“, стои во соопштението на омбудсманот Иџет Мемети, по повод Денот на жртвите на тортура.

Оваа година OHCHR (Канцеларијата на ОН за човекови права), заедно со Меѓународната адвокатска комора, организира панел дискусија на високо ниво на Кралскиот колеџ во Лондон, со цел утврдување на апсолутната забрана на тортура, а ќе ја предводи Високиот комесар за човекови права, Зеид Раад Ал Хусеин.

На 12 декември 1997 година, со резолуцијата 52/149, Генералното собрание на ОН го прогласи 26 Јуни за Меѓународени ден на Обединетите нации за поддршка на жртвите на тортура, со цел целосно искоренување на тортурата и ефективно функционирање на Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување.

Б. Ј.

 

 

Tags: жртвинасилствоодбележувањетортураЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ