• Latest

Стотици илјади луѓе се простуваат во Техеран од претседателот Раиси

May 22, 2024
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стотици илјади луѓе се простуваат во Техеран од претседателот Раиси

May 22, 2024 12:54
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Стотици илјади луѓе се собраа во центарот на Техеран денеска за да му оддадат последна почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во неделата.

Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ги водеше молитвите за време на прошталната церемонија за починатиот претседател и седум други, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, кој загина во несреќата.

Врховната власт на Исламската Република се поклони пред осум ковчези покриени со иранското зелено-бело-црвено знаме поставени еден до друг на Универзитетот во Техеран.

Врховниот лидер беше опкружен од водечки шиитски свештеници, членови на владата, вклучително и привремениот претседател Мохамад Мокбер, и високи членови на војската и на Револуционерната гарда.

Присутни беа и политичкиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас Исмаил Ханија и „бројот два“ на либанскиот Хезболах, Наим Касем.

Неколку странски земји како Русија, Турција и Ирак најавија дека ќе испратат претставници на погребот, но не и на ниво на шефови на држави.

Мавтајќи со ирански знамиња, десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат последна почит на загинатиот ирански претседател.

Денешниот ден е прогласен за државен празник и жителите на Техеран добиваа пораки на нивните телефони во кои ги повикуваат „да дојдат на погребот на маченикот“.

Властите прогласија петдневна жалост низ целата земја, додека процесот за смена на Раиси, кој претседаваше со Иран од 2021 годин. Една од задачитена привремениот претседател Мохамад Мохбер (68) е подготовка на избори што ќе се одржат на 28 јуни.

Погребната церемонија, предвидена да трае до четврток, започна вчера во Табриз, голем северозападен град во близина на местото каде што се случи несреќата.

Раиси ќе биде погребан утре во Машхад (североисточниот дел на земјата), неговиот роден град.

Ултраконзервативецот Ебрахим Раиси важеше за еден од фаворитите за наследник на ајатолахот Али Хамнеи, кој има 85 години. Додека беше претседател се соочи со протестното движење во 2022 година, економска криза влошена од американските санкции и влошените тензии со Израел.

Tags: Ебрахим РаисиИранпогребхеликоптерска несреќа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ