• Latest

Стејт департмент: Американските граѓани да не патуваат во Косово и БиХ поради зголемен ризик од тероризам

January 11, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стејт департмент: Американските граѓани да не патуваат во Косово и БиХ поради зголемен ризик од тероризам

January 11, 2018 06:32
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Стејт департмент објави обновенo предупредување до американските граѓани кои патуваат во странство. На интерактивната мапа на веб страницата на Стејт департментот, сите земји се поделени во четири категории. Нашите најблиски соседи како Косово и Босна и Херцеговина се ставени во втора категорија.

Во објаснувањето што го доби дописникот на МИА во Вашингтон, стои дека во земјите од втора категорија постои ризик од нарушена безбедносна ситуација и се препорачува особена внимателност и будност при патувањата во тие земји. Во предупредувањето за патување во Косово се советува особена внимателост поради зголемен ризик од можен тероризам.

– Во некои градови и села како Северна Митровица, Лепосавич, Зубин Поток и Звечан можни се граѓански немири, се вели во предупредувањето.

Понатаму, се истакнува дека терористички групи од Косово и Босна и Херцеговина подготвуваат можни напади во регионот на Балканот.

– Терористите можат да извршат напад без предупредување. Нивна цел се туристички локации, пазари и шопинг центри, локални владини установи, хотели, клубови, верски места, паркови или масовни спортски и културни настани, се вели во предупредувањето.

За Босна, покрај за тероризам, важи предупредувањето и за нагазни мини и се набројуваат истите точки каде терористите би можеле да извршат напади.

Најзагрозени се земјите од трета и четврта категорија и се препорачува преиспитување на патувањето и избегнување да се патува поради сериозен ризик во однос на безбедноста во овие земји. Русија, на пример, е ставена во трета категорија. Патувања во регионот на северен Кавказ, како во Чеченија и на планината Елбрус не се препорачани поради граѓански немири.

– Не патувајте на Крим поради странска окупација и злоупотреби од страна на окупантите, се вели во предупредувањето.

Заменик помошникот на државниот секретар, Мишел Берние-Тот, на специјален брифинг за новинарите во Стејт департментот денес укажа дека дел од земјите од четврта категорија се и Авганистан, Централна Африканска Република, Ирак, Иран, Либија, Мали, Северна Кореја, Сомалија, Јужен Судан, Сирија и Јемен.

Во предупредувањето се прецизира дека условите во сите овие земји можат да се променат ненадејнао и на американските граѓани им се препорачува воопшто да не патуваат таму.

Македонија, како и нашите соседи Албанија, Србијa, Бугарија и Грција се ставени во прва категорија на земји каде условите за патување се нормални и ризикот по безбедноста е низок. 

извор: МИА

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: БиХКосовопредупредувањеСАДСтејт Департменттероризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ