Судот веќе два месеца чека известување од МВР за тоа дека е распишана потерница за Горан Грујевски, првообвинетиот во случајот „Тврдина 2“. Такво известување нема добиено ниту СЈО.
На денешното рочиште беше кажано дека во овој случај, сведок е и колегата на Грујeвски од УБК, Никола Бошковски, кој, исто така, е во бегство.
Обвинителите од СЈО најавија дека, откако ќе им биде доставено известувањето од МВР, ќе побараат на Грујeвски да му се суди во отсуство.
Горан Грујевски и Никола Бошковски веќе два месеца се во бегство и по нив е распишана и меѓународна потерница. Тие не се достапни од 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање, им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.