• Latest

(САТИРА) Свадбата на годината: Младоженецот, стоте кумови и „невестата“ што го плаќа цехот

February 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ ПИСМА

(САТИРА) Свадбата на годината: Младоженецот, стоте кумови и „невестата“ што го плаќа цехот

Писмо од читателка на ЦИВИЛ МЕДИА

February 8, 2026 09:03
in ПИСМА, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ако деновиве го отворите Фејсбук, ќе помислите дека во Македонија се случила најголемата свадба во историјата на човештвото. Сите се дотерани, сите се насмеани и, што е најважно – сите ја имаат истата слика.

На сликата е Тој. Премиерот. Младоженецот. Стои гордо, со онаа државничка поза која вели „Јас сум Алфата“, а до него, како на подвижна лента, се менуваат ликови со израз на лицето што варира помеѓу восхит на тинејџерка пред поп-ѕвезда и понизност на кмет пред феудалец.

Тоа се „избраните“. Тоа се новите и старите функционери, членови на тела, одбори и комисии.

Текстот под сликите е секогаш ист, како да е пишуван од ист бот со сиромашна меморија: „Благодарам на довербата!“, „Чест ми е!“, „Заедно продолжуваме!“.

Но, она што навистина вреска од тие фотографии не е благодарноста, туку инфериорноста.

Целата сценографија изгледа како Премиерот да се оженил со Македонија (или барем со власта), а сите овие ликови се гостите на свадбата кои чекаат во ред да се сликаат со младоженецот. Редот е долг, се чека и по саат време за таа секунда близина, само за да се добие тој дигитален доказ дека постојат.

Затоа што, да бидеме искрени, без таа слика со Младоженецот, кои се тие?

Сликата со шефот е нивниот „венчален лист“ со кариерата.

Таа фотографија е порака до комшиите, до душманите и до обичниот народ: „Гледајте, тој ме избра мене. Тој ме допре за рамо. Јас сум некој и нешто затоа што Тој дозволи да бидам.“

Тоа е тажната вистина на македонскиот политички менталитет. Функцијата не се доживува како одговорност кон граѓаните, туку како мираз добиен од шефот.

Тие не ѝ се заблагодаруваат на јавноста што ќе ја служат, туку на „сопственикот“ што им дал парче од колачот.

А каде е „невестата“ во оваа приказна? Каде е Македонија?

Македонија е онаа уморна невеста која седи некаде во ќошот, никој не ја ни гледа, никој не се слика со неа. Сите се презафатени да му се умилкуваат на Младоженецот.

Невестата е тука само за една работа – на крајот од веселбата, кога ќе се запалат светлата и ќе си заминат гостите со полни стомаци и полни џебови функции, таа е единствената што ќе остане да го плати цехот за свадбата.

Затоа, драги новоизбрани сватови, намалете малку со сликите. Изгледа грдо. Изгледа како да не верувате во сопствената вредност, па ви треба Премиерот како патерица за вашето его.

 


Текстот и илустрацијата се сатиричен прилог од читателка на ЦИВИЛ МЕДИА.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ