ДРАГАН МИШЕВ
Песната „ Сé е исто, само него го нема“, илити во оригинал, на српски „ Све је исто, само њега нема“ што ја испеа Тијана Дапчевиќ, дословно го отсликува денешниот општествено-политички живот во Северна Македонија.
Поранешниот премиер Никола Груевски, поставувајќи го сегашниов премиер за лидер и негов наследник на чело на ДПМНЕ, како да се клонираше себе си.
Од ден на ден, Христијан Мицковски ја покажува речиси еднојајчаноблизначката поврзаност со неговиот предходник.
Од низата copy paste потези на сегашниот премиер, ја издвојуваме последната, како еклатантен пример дека Груевски е се уште сеприсутен на македонската политичка сцена.
Па така, сегашниот премиер Христијан Мицкоски ќе објави дека му бил понуден поткуп за да го потпише тендерот за изградба на пругата кон Бугарија во вредност од 560 милиони евра. Скоро идентична објава, само со различна висина на сумата и друга географска одредница во соседството за поткупувачот, имаше за поранешниот премиер Никола Груевски пред 15 години, кој одбил поткуп од 3 милиони евра од српска фирма што имаше договор да гради трговски центар во Скопје.
И во двата случаи, нема судска завршница, останува да веруваме во изјавеното на „ жими мајка“.