• Latest

Таравари – Агелер: Интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е единствениот пат кој гарантира развој

January 20, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА СООПШТЕНИЈА

Таравари – Агелер: Интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е единствениот пат кој гарантира развој

January 20, 2023 16:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предложените мерки од страна на Алијансата на Албанците за владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата, беа тема на разговор на денешната средба лидерот на партијата Арбен Таравари со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Таравари, како што информираат од партијата, на разговорите, на кои бил придружуван од пратеникот Халил Снопче, на амбасадорката и посакал успешно враќање во Скопје, со надеж дека оваа средба ќе биде почетна точка на блиска соработка со цел продлабочување и проширување на односите меѓу двете земји.

– Се заблагодарив на амбасадорката Агелер за непоколебливата поддршка на САД за нашата земја, особено во евроатлантските интеграции и за нејзината лична заложба за искоренување на корупцијата, за давање отчет на корумпираните и за борба против културата на неказнивост. Разговаравме за предложените мерки од страна на АА како дел од нашиот пакет за владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата, согласувајќи се за итноста од конкретни иницијативи во оваа насока, истакна Таравари.

Како што се посочува во партиското соопштение, Таравари со Агелер се согласиле дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е единствениот пат кој гарантира развој, просперитет и стабилност и дека државниот резон бара проевропските сили да не дозволат отстапување од овој курс, преземајќи ја без одлагање одговорноста „за да не ја пропуштиме нашата шанса и успешно да го завршиме овој витален процес за идните генерации”.

Оваа средба се одржа еден ден пред оваа партија да одржи состанок на Централното претседателство на кој се очекува да бидат избрани партиските органи, и да се разгледува можноста за влез во Владата и евентуалните преговори.

Н. А.

Tags: Анџела Прајс АгелерАрбен Таравари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ