Ексклузивно да најавам, секоја среда ќе продолжам со прегледи на клиниката за неврологија, четири часа, порано бев шест часа, од 09, до 13 часот, и од 13 до 16 часот ќе биде отворен ден во министерството за секој граѓанин, соопшти ексклузивно новиот министер за здравство, Арбен Таравари во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.
Кој било што има нешто да каже, што не функционира, дека некаде пациентите не се третираат како што треба, кој има жалби и поплаки, ќе може да влезе и да каже, ќе има распоред и ќе има бројче кое ќе биде објавено се надевам за десет дена, а ќе има и ден во кој за време на еден час ќе имаме директна комуникација со граѓаните на социјалните мрежи, посочи Таравари.
Д. Тахири
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети
Линк до целосното интервју: