ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“, денес (28 ноември), со почеток во 13:00 часот во Прес студиото на организацијата во Бизнис центарот Палома Бјанка.
На панелот ќе се отворат прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.
Учесници ќе бидат градоначалникот на општина Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Џелал Хоџиќ од Агенција за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.
Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и европски политики на Големото Војводство Луксембург.