Најавениот прекин на комуникацијата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски со власта, за пратседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, е многу ригиден и неполитички.
Таравари во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, истакна дека таа комуникација со власта треба да се одржува, а не да се избегну
„Значи дури војни кога има на крај седнуваат на маса и се договараат, да не зборуваме во нормални политички ситуации, секогаш треба да има комуникација меѓу чинителите, главните политички чинители, односно политичките партии и таа комуникација треба да се одржува и тој став дека не комуницирам со партии од владејачкото мнозинство е мислам дека не е ни логично, ни конструктивно“, потенцира Таравари.
Д. Јонузи
Таравари: Алијанса е алтернативата која Aлбанците ја гледаат како партија што треба да ја смени ДУИ