• Latest

Таравари: Треба да се размислува за широка коалиција и предвремени парламентарни избори истовремено со локалните

October 17, 2020
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Таравари: Треба да се размислува за широка коалиција и предвремени парламентарни избори истовремено со локалните

Ако се разделат СДСМ и ДУИ, на локалните би оделе со СДСМ, ако не, можно е коалицијата Алијанса – Алтернатива да оди со ВМРО-ДПМНЕ, вели Таравари во интервју со ЦИВИЛ

October 17, 2020 16:58
in ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Гостивар и генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во разговор со ЦИВИЛ Медиа отворено ги прикажува состојбите и позициите на коалицијата Алијанса –Алетрнатива во однос на претстојните локални избори, како и на општина Гостивар во однос на европските вредности и антинационализмот.

ЦИВИЛ: Што ќе кажете за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому му одат во прилог, а кој губи?

Таравари: Етничките тензии постоеле и мојата перцепција е дека сега се тие најмалку од сите периоди од минатите 30 години, откако постои Македонија како независна држава. Мислам дека на почетокот на независноста имаше многу повеќе, и полека се губи. Мислам дека кулминираше во 2001 кога беше војната. Постојат одредени политички партии, можеби  и политичари поединци, дури можам да кажам и некои невладини организации коишто работат за да се изрази таа етничка тензија. Мислам дека луѓето се веќе изморени, иако секогаш постојат екстреми. И во албанската, и турската, и српската, и ромската популација, секаде постојат екстремисти, и ќе постојат. Такви постојат во Европа и во целиот свет, и нормално е да постојат, но сметам дека во квантум, се малку.

ЦИВИЛ: Што може да се направи во овој поглед?

Таравари: Мислам дека политиките што ни се импонираат, посебно сега со преговорите со Европската Унија, тие луѓе ќе бидат уште помалку атрактивни, и мое лично мислење е дека тие луѓе немаат никаков импакт врз општеството генерално во Македонија, немаат некакво влијание врз секојдневното живеење и врз развојот на државата. Превентивно, самите избори покажуваат колку тие политички партии постигнуваат да добијат гласови на едно такво подигнување на етнички тензии. Така што не треба ништо да се направи туку само да им се дозволи да си кажат тоа што имаат. Бидејќи, како што веќе кажав, и во Европската Унија и кај нас, ќе постојат такви политички партии кои ќе имаат по два – три пратеници, и ќе бидат екстремисти од една или од другата страна.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Таравари: На 15 јули се одржаа парламентарните избори, иако мислам дека пандемијата со Ковид-19 имаше огромен импакт врз резултатите на парламентарните избори. Огромен број од населението, посебно тие што работат надвор од државата, нашите иселеници, не беа во можност да дојдат, знаете дека тогаш почнаа и одредени рестрикции, се затворија граници, да не им се дозволи да дојдат во Македонија. Знаете, Македонија беше нон-стоп  како црвена зона во Балканот, каде што на милион жители имаше најголем број заразени, но и најголема стапка на морталитет, и ако не се лажам, се уште сме меѓу лидерите во целиот свет, а да не зборам за регионот. Сметам дека изборите не беа ниту фер, ниту демократски, и ОБСЕ – ОДИХР дадоа забелешки дека гласале починати луѓе и тие факти и ние и ги дадовме на државната изборна комисија, и во управниот суд. Ние постојано кажуваме дека судовите се крајно политизирани и не би очекувале од тие судови да одлучат поинаку. Ние, Алијансата за Албанците – Алтернатива, сме презадоволни од резултатите, но бројниот состав на парламентот, по изборите, е проблематичен. Цифрите што ги имаме по изборите, од сите политички партии, се гледа дека има едно многу кревко мнозинство, нестабилно и несигурно. Со ваков состав, мислам дека ќе биде тешко да се тера на долг рок. Како што гледате, ДУИ, како што велам јас, е канцер на општеството во Македонија, повторно е дел од новата организација, тој канцер е веќе метастазиран во Владата, каде што веќе има многу поголем удел и можност за да уценува и проблематизира одреден дел од работите, и затоа ќе биде тешко функционирањето. Ние како опозиција сметаме дека тоа е кревко мнозинство, и не знам колку ќе функционира. Да не зборуваме за законите кои се во тек, посебно тие со европско знаме, за коишто ќе биде потребно и двотретинско мнозинство…

Мислам дека политичките чинители во Македонија се многу антагонизирани помеѓу себе, и мислам дека во следниот период треба да се размислува и за широка коалиција, а со локалните избори што треба да се одржат идната година, можеби треба да се размислува и за предвремени парламентарни избори. Бидејќи, каква било комбинација, што и да се состави, оти некои работи не одат едни со други, на пример – ДУИ со Алијансата – Алтернатива, не одат заедно, ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ не одат заедно, а сите други комбинации ќе извадат бројка од 61, 62, 63, што е нестабилно за функционирање.

ЦИВИЛ: Како ќе настапите на следните локални избори?

Таравари: Алијансата и Алтернатива заедно настапија на предвремените парламентарни избори и заедно ќе настапат и на локалните, коалицијата е многу стабилна, одлично функционира и нема шанси нешто нешто да не раздвои, што се однесува за периодов, а понатаму се е можно.

ЦИВИЛ: Дали ќе правите отстапки во однос на градоначалнички места?

Таравари: Апсолутно. Политиката е компромис. Ние со Алтернатива размислуваме на долг рок, се уште не сме разговарале директно, но зошто да не се споиме во една, заедничка политичка партија…Ова не е разговарано официјално со нашиот коалициски партнер , но по локалните избори би требало да ја отвориме и како тема, а за локалните избори дефинитивно ќе одиме заедно. Уште од сега размислуваме дека веќе на првиот круг на локалните избори треба да настапиме со една, можеби, партија од другите етнички заедници, на пример – турска, ромска…да се прошири тој коалициски круг. Размислуваме и за заеднички настап со некоја од  македонските политички партии, бидејќи нашето искуство од минатите локални избори во 2017 година ни покажаа дека е идиотизам да излезеш сам, а твојот противник да излезе со една македонска партија.

Не знам што ќе се случи до нова година, оти можат да се случат работи кои ќе не изненадат сите. Ако не се случи такво нешто, и ако ДУИ и СДСМ излезат заедно, ние ќе бидеме во позиција да размислуваме евентуално и на долг рок да соработуваме со политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, или, ако се случи да се разделат СДСМ и ДУИ, односно, да не одат заедно, тогаш да се размисли опцијата да се оди со СДСМ во првиот круг. Секако, Алијансата и Алтернатива треба да се спои со партии од другите етнички заедници, и една македонска партија, од првиот круг.

По локалните избори, добро би било да се одржи конгрес на којшто би се слеале во една партија Алијансата за Албанците и Алтернатива.

ЦИВИЛ: Како се подготвува локалната власт во општина Гостивар за интеграциите во ЕУ, колку се почитуваат европските вредности?

Таравари: Често велам дека Гостивар е Македонија во мало, таму живеат процентуално како на републичко ниво, само што Албанците се во поголем број од Македонците, Турци…Тоа е град што рефлектира позитивно повеќе од сите други градови. Можеби е пример за сожителство, како општина. Полека, подготвуваме и екипи кои се спремни понатаму да конкурираат за европски фондови. Во овој период како општина конкуриравме за повеќе проекти, имплементиравме одредени проекти, така што ќе продолжиме со конкурирање за да има инвестиции на локално ниво.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Биљана Јордановска


претходни интервјуа на ЦИВИЛ Медиа со г. Таравари

Таравари: Разочарувањето е големо, реформи нема, ни треба експертска влада…

Таравари: Немаше друга опција освен СДСМ, Режимот мораше да падне! Но, тие возвратија поинаку…

Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet33Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ