• Latest

Тажен е денот на човековите права

December 10, 2017

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тажен е денот на човековите права

December 10, 2017 14:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Јас имам една шема на исхрана. На пример, по овие лебариве, ако кифлата е 20 денари денеска, утре е 10 денара, а третиот ден е како кал, ама е пет денара. Значи, три такви кифли ќе си купиш, за 15 денари, ќе го поминеш денот.“ Вака еден велешанец им одговори на моите колешки Биљана и Арбана што за него е социјална правда во 2015 година.

Пишува: Џабир Дерала

Жена од едно охридско село пред некој ден ми раскажа дека ѝ ја укинале социјалната помош пред цели две години. Нема пензија, бидејќи нема стаж. Тежок дијабетичар е, пред некое време ѝ се појавила гангрена на едната нога. Има тешки болки и одвај се движи. Нејзината ќерка боледувала од својата петта година во животот. Починала на возраст од 27 години пред повеќе од десет години, но чувствува како тоа да било вчера. Ѝ се умира, но животот не сака да ја напушти. Живее со неизмерна тага по ќерка си и со тешки болки во ногата. „Дете мое мајкино, Господ здравје да ти даде“ – ми рече на крајот и ми се заблагодари. За што?! Затоа што слушав? И затоа што се чувствував немоќно и огорчено?

Ова е само уште една сторија во океанот од тешки човечки судбини кои ги предизвикале животот или администрацијата и системот. Ако системот не ги предизвикал маките на луѓето, тогаш сигурно останал бездушен, како да е студена машина, а не составен од живи луѓе со душа и разум.

На Меѓународниот ден на човековите права само се потсетуваме дека тие важат 365 дена во годината. Фраза која звучи излитено, сме ја кажале или помислиле на 8 март за жените, на 9 мај за слободата, 20 ноември за децата, 3 декември за лицата со посебни способности, 3 мај за медиумите… И тука некаде завршува приказната…

Тажен е денот на човековите права. Да, го славиме и тоа со причина. Борбата со режимот беше и секогаш ќе остане борба за човековите права и слободи, за правда и еднаквост, борба што донесе многу брчки на нашите лица. Но, тажен е и затоа што тешките судбини на луѓето се неслушнати, а системот е преполн со прописи и постапки што не го штитат човекот, туку системот, а системот го штитат несовесни и корумпирани луѓе.

Тажен е денот на човековите права, затоа што тие чии усти се полни со човекови права, имаат џебови преполни со нашите пари, а душите им се полни со траги од нивните жртви (некој ќе рече дека ни душа немаат).

Тажен е денов поради сите злоупотреби и гракање за едни човекови права, додека под ѓонот на нивните чизми се безброј други права. И… Додека глумат големи борци за колективни права, ги газат човековите права на секој поединечно. Се разбира, сето тоа придружено со дебели банкарски сметки и кеш!


објавено во Плусинфо и Слободен печат (11/12/2017)

Tags: 10 декемвриМеѓународен ден на човековите правасоцијална правдачовекови праваЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ