На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер се шири информација дека членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, се подготвуваат во 16 часот да одат пред Државната изборна комисија, затоа што сметаат дека ќе им биде украдена изборната победа!
„Браќа и сестри, бидете денес во вашиот или во најблискиот Општински комитет, во 16 часот. Ќе има седница на ДИК, сакаат да ја украдат победата. Сите да бидат на готовс! Денеска е можеби тој ден, кога сите ние ќе треба да и се оддолжиме на нашата мила Македонија и ВМРО-ДПМНЕ…!“, е една пораките што се вртат низ социјалните мрежи.
Во втората се вели: „Почитувани, во 16,00 часот во ОК дабидат сите членови на ОК, ракободство, функционери. Ќе има седница на ДИК, сакаат да ја украдат победата. Сите да бидат на готовс!“
Вчера, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Шестата иборна единица, Влатко Ѓорчев предупреди дека „трпението на трпеливиот човек може да прерасне во гнев доколку некој се обиде да ја украде кристално јасната победа“.
Инаку, и пред два дена, додека претставниците на Државната изборна комисија ги соопштуваа изборните резултати, надвор „спонтано“ се собраа десетици членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, кои скандираа за партијата и за Македонија. Откако ги слушнаа резултатите, кои тогаш беа во полза на нивната партија, си заминаа и прославуваа низ улиците на Скопје.