• Latest

Чоларевиќ: Борбата за слобода е процес кој никогаш не прекинува!

June 26, 2016

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Чоларевиќ: Борбата за слобода е процес кој никогаш не прекинува!

June 26, 2016 14:13
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ненад Чоларевиќ, активист од Србија, кој учествуваше на форумот во Скопје од 22 до 24 јуни, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, посветен на вклучувањето на граѓанското општество во социјалните движења и креирањето на политички и социо-економски приоритети и барања. Тој за ЦИВИЛ Медиа ги сподели своите погледи на Шарената револуција, на нејзините цели и на политичката криза во Македонија.

Чоларевиќ е убеден дека протестите во Македонија ќе доведат до посакуваниот резултат – фер, слободни и демократски избори.

https://www.youtube.com/watch?v=Sp2GtcYG3Co

ЦИВИЛ Медиа: Како гледате на политичката криза во Македонија и во тој контекст, на Шарената револуција?

ЧОЛАРЕВИЌ: Јас мислам дека граѓанките и граѓаните на Македонија во овој момент држат лекција, во регионот, а и пошироко, како за слободата  постојано треба да се бориме и дека тој процес никогаш не прекинува. Со оглед дека протестите почнаа мирно и од она што денеска го слушнавме, тоа е и идејата, преку ова социјално движење, граѓанките и граѓаните на некој начин да ги дисциплинираат политичките партии, покажувајќи им како демократските институции треба да функционираат. Гледајќи во, се надевам, блиската иднина, ќе имаме прилика подлабоко да го проучиме она што во овој момент се случува во Македонија. Едно е сигурно, протестите , вакви какви што се, ќе доведат до посакуваниот резултат, а тоа се фер, слободни и демократски избори, кои се потребни за да може во овој момент да се излезе од кризата и институциите да профункционираат.

ЦИВИЛ Медиа: Може ли да се направи линк со „Отпор“, и со она што се случуваше во Србија и со падот на Милошевиќ, со она како активистите на Шарената револуција се обидуваат да го урнат владеачкиот режим во Македонија?

ЧОЛАРЕВИЌ: Мислам дека не е добро и дека е грешка да се прави таква споредба, затоа што беше поинаков контекстот деведесеттите години во Србија, во споредба со тоа каков е контекстот во Македонија сега. Мислам дека и покрај тоа што можеме да кажеме дека „Отпор“ беше на некој начин успешен, го урна Милошевиќ и се случи 5 октомври, дека не е пример за добра пракса за она што тука се случува. Контекстот е поинаков, тука допрва треба да има избори, не се знае датумот… Можеме да кажеме – да, но „Отпор“ во себе вклучуваше различни групи на луѓе, кои доаѓаа од различен идеолошки спектар. Мислам дека она што се случува тука со Шарената револуција е нешто од 2016-та, а „Отпор“ беше пред 20 години и затоа не е добро да се споредуваат.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: МакедонијаНенад Чоларевиќполитичка кризаСрбијаФЕСЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ