• Latest

Четворица премиери на сослушување за поплавите

September 16, 2016
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Четворица премиери на сослушување за поплавите

September 16, 2016 11:37
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Надзорната расправа во Собранието за поплавите кои се случија на 6-ти август, е закажана за денеска. Расправата доаѓа по иницијативата на пратениците на СДСМ, а собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство едногласно ја прифати

Никола Груевски е поканет на надзорната расправа по барање на пратениците на СДСМ, а Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски по барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Четворицата поранешни премиери се повикани како надлежни за градење на обиколницата, која се градеше за време на нивните мандати.

srcc

Во соопштение до јавноста СДСМ бараат сите лица кои се на раководни позиции, како што се Никола Груевски, вицепремиерот Никола Тодоров како шеф на Кризниот штаб на Владата, Оливер Ромевски, директор на УХМР, Михаил Цветков, министер за земјоделство, Тони Мартиновски, директор на „Скопско Поле“, Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи, Дритон Кучи, министер за економија, Жарко Караџоски, директор на „Македонски шуми“, Коце Трајановски и Тони Трајковски, градоначалници на Скопје и на Општина Гази Баба…, задолжително да се појават.

„Сите овие лица на раководни позиции, на чело со Груевски кој ги постави и беше 10 години премиер, и должат многу одговори на јавноста за последиците од поплавите што однесоа животи на бебиња, на деца, на невини луѓе и предизвикаа огромни материјални штети. Тоа го чекаат и граѓаните кои сé уште не можат да си го вратат животот во нормала“, се вели во соопштението.

ЦИВИЛ Медиа, претходно разговараше со Панче Орцев од СДСМ, како иницијатор за отворање на расправа која треба да ја лоцира одговорноста за тоа кој е виновен што неколкучасовен дожд предизвика човечки жртви и големи материјални штети.

6578-Pance1-1200x545_c

„Има вина… Вината е во неисчистените канали, во канализацијата во Стајковци, во урбанизацијата, вина има и во исечената шума, а нова не е засадена. Секако дека има вина и ние ќе се обидеме да ја лоцираме. Тоа за жал, резултираше со 23 жртви, а има информации и дека се повеќе, сепак, тоа без докази е тешко да се тврди“, потенцираше тогаш Орцев.

IMG_0787

ЦИВИЛ – Центар за слобода, со цел да не се дозволи повторување на трагичните поплави, организираше и тркалезна маса на која учествуваа експерти кои ги посочија недостатоците во функционирањето на системот. Заклучокот кој произлезе од таа дискусија беше дека се неопходни: промена во легислативата, зајакнување на институционалните капацитети, вложување во научните институции, прифаќање на препораките од независните експерти и изработка на долгорочни анализи врз база на новите состојби на терен.

Марија Теговска

Tags: Македонијаобиколницаодговорностпоплаватркалезна масаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ