• Latest
РУСКИ ТЕРОР: Дрон погоди градски автобус во Никопол, Украина, 7 април 2026 (Державна служба України з надзвичайних ситуацій у Дніпропетровській області)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Дрон погоди автобус во Никопол – загинати цивили, десетици повредени

April 7, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Теророт на рускиот агресор продолжува: Дрон погоди автобус во Никопол – загинати цивили, десетици повредени

April 7, 2026 15:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
РУСКИ ТЕРОР: Дрон погоди градски автобус во Никопол, Украина, 7 април 2026 (Державна служба України з надзвичайних ситуацій у Дніпропетровській області)

РУСКИ ТЕРОР: Дрон погоди градски автобус во Никопол, Украина, 7 април 2026 (Державна служба України з надзвичайних ситуацій у Дніпропетровській області)

Share on FacebookShare on Twitter

Дрон на рускиот агресор погоди цивилен автобус во центарот на Никопол, при што загинаа најмалку три лица, а десетици се повредени, соопштија украинските власти.

Според регионалните власти, дронот го погодил автобусот во момент кога се приближувал кон станица, со патници во возилото и луѓе кои чекале на постојката. Бројот на повредени се движи од 12 до 16 лица, од кои дел се хоспитализирани, додека спасувачките екипи работеле на местото на нападот во текот на утрото.

Украинската служба за итни случаи и локалните власти го опишаа нападот како „брутален удар врз цивилен јавен превоз во време на утрински метеж“, кога граѓаните патувале на работа.

Украинската амбасадорка Лариса Дир веста за овој нов брутален напад врз недолжните цивили ја објави на социјалните мрежи.

„Ужасно утро во Днипропетровската област. Како резултат на руски удар врз автобус во самиот центар на Никопол, три лица загинаа, уште 16 се повредени. Во друг реон — како последица на нападот загина дете. Ова е свесен терор против цивилното население. #RussiaIsATerroristState“, напиша Дир.

РУСКИ ТЕРОР: Дрон погоди градски автобус во Никопол, Украина, 7 април 2026 (Державна служба України з надзвичайних ситуацій у Дніпропетровській області)

Ужасно утро во Днипропетровската област. Како резултат на руски удар врз автобус во самиот центар на Никопол, три лица загинаа, уште 16 се повредени. Во друг реон — како последица на нападот загина дете. Ова е свесен терор против цивилното население. #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/ae4NL9aysl

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 7, 2026

Зеленски: „Секојдневен терор врз цивили“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, остро го осуди нападот, оценувајќи го како дел од систематска кампања на терор против цивилното население.

Во својата изјава, Зеленски посочи дека ваквите напади се случуваат „секојдневно“ и дека секој обид за слабеење на санкциите или продолжување на економските врски со Русија е „апсурден во услови на ваков терор“.

Тој исто така предупреди дека цивилите во регионите по линијата на фронтот, особено во јужна Украина, се изложени на постојани напади со дронови и артилерија.

Меѓу другото, украинскиот претседател побара од Москва да престане со нападите барем за време на велигденските празници, на што одговор засега нема.

„Доколку Русија е подготвена да ги запре нападите врз нашата енергетска инфраструктура, ние ќе бидеме подготвени да одговориме со иста мера. Овој предлог, пренесен преку Американците, веќе ѝ е презентиран на руската страна“, рече украинскиот лидер во јавно обраќање доцна во понеделникот.

Ескалација наместо примирје

Нападот врз автобусот во Никопол доаѓа во период на интензивирани руски удари низ Украина, и покрај повиците за привремено примирје за време на православниот Велигден.

Според меѓународни извори, руски напади врз цивилни цели, вклучително и јавен транспорт и пазари, продолжуваат со висок интензитет. Во последните денови, повеќе напади во регионот на Днипро и други делови од Украина резултираа со десетици жртви и повредени.

И за овој напад е покрената кривична постапка за воени злосторства, соопшти Канцеларијата на генералниот обвинител на Украина, објави Њујорк Пост. „Откако рускиот моќник Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија пред повеќе од четири години, канцеларијата има документирано повеќе од 210.000 такви случаи“, се вели во текстот на американскиот весник.

Намерно таргетирање цивили

Украинските власти и независни набљудувачи сè почесто предупредуваат дека нападите со FPV-дронови врз цивилни цели – како автобуси, пазари и станбени области – укажуваат на намерно таргетирање на цивили.

Никопол, град во близина на фронтовската линија, редовно е изложен на артилериски и дронски напади, што го прави еден од најранливите урбани центри во регионот.

Нападот врз автобусот во Никопол уште еднаш ја нагласува суровата реалност на руската агресија: цивилите остануваат директна мета.

Во услови на дипломатски напори и повици за примирје, ваквите удари испраќаат спротивна порака – дека ескалацијата продолжува, а цената ја плаќаат обичните луѓе.

Џ. Дерала

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ