• Latest

Ти кажувам ќерко – сети се снао, Агелер во честитката за Шекеринска му честиташе и на Мицкоски

November 19, 2024

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Ти кажувам ќерко – сети се снао, Агелер во честитката за Шекеринска му честиташе и на Мицкоски

November 19, 2024 16:42
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Меѓу првите кои испратија честитки за изборот на Радмила Шекеринска на местото заменик генерален секретар на НАТО беше Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Воедно, таа изборот на Шекеринска му го честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски и на Владата, за тоа што, како што вели,  застанале зад нејзината кандидатура, што најверојатно, со дипломатски речник значи честитка затоа што успеле да се воздржат да не го блокираат процесот, што е вообичаена пракса на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот токму со напорите за уставните  измени со промена на името за влез во НАТО, и сега со уставните измени за внесување на бугарите во Уставот со цел отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

„Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на  Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер.

Колку точно Мицкоски ја протолкувал пораката на Агелер, ќе дознаеме наскоро, според неговите потези кои ќе ги преземе во наредните денови

Честитки за новата позиција на Шекеринска, која е прв висок функционер од Западен Балкан во НАТО и одигра клучна улога во зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата дојдоа и од колегите од нејзината партија, Филипче, Спасовски, Ковачевски, Заев, Десковска, Маричиќ, Зајкова… Се уште не се пристигнати честитките и признанието од премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски, кои по треземањето на власта се редовни посетители на самити и средби во НАТО, како и од претседателката Силјановски Давкова, која воедно е и врховен командант на Армијата, за изборот на Радмила Шеќеринска на местото заменик генерален секретар на НАТО, за што сакале/несакале, ќе мора да признаат дека е огромен успех на Република Северна Македонија , и преку изборот на Шекеринска, признание на нејзината посветеност при носењето на историската одлука земјата да стане, сега веќе признаена и ценета полноправна членка на НАТО.


Тектот е личен став на авторот
Tags: Анџела Агелерзаменик генерален секретар на НАТОРадмила ШекеринскаХристијан Мицкоскичеститки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ