• Latest

„Традициите и современоста на Татарите – полските муслимани“ во Чифте Амам

April 20, 2018

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Традициите и современоста на Татарите – полските муслимани“ во Чифте Амам

April 20, 2018 13:47
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во галеријата „Чифте Амам“ во Скопје отворена е изложба насловена „Традициите и современоста на Татарите – полските муслимани“.

Изложбата, која е во реализација на Подласки музеј во Бјалисток и Врховниот муслимански колегиум на Муслиманската верска заедница во Република Полска, ја прикажува историјата на присуството на Татарите на територијата на Полска, започнувајќи од крајот на XIV век до денес.

– Тоа е концизна и визуелно атрактивна презентација на татарското присуство на територијата на некогашното Големо Кнежество Литванија, духовниот и општествениот живот и на придонесот на татарската заедница за развојот на културата и јакнењето на полската државност, се наведува за поставката.

Водечки теми на изложбата се: религијата преку прикажанана богата иконографија на џамии, мизари (муслимански гробишта), религиски книги, молитвеници, како и воена служба, односно презентацијата на учеството и улогата на Татарите во важни битки и војни во редовите на полски воени единици, вклучувајќи ги и борбите за независност, полско-болшевичката војна од 1920 година и Втората светска војна.

изложба полска татари

На посетителот му се дава и поглед кон општествениот и културен живот на Татарите во периодот меѓу двете светски војни, меѓу другото, формирањето на Муслиманската верска заедница во Република Полска, историја на полските Татари по 1945 година со опис на центрите на верскиот живот, местата со најголема концентрација на татарско население, религиозните и кулинарските традиции, како и појавата на нови молитвени домови.

Автори на изложбата се Луцина Лешиш и Барбара Павлиц-Мишкјевич.

На отворањето на изложбата вчера присуствуваа полскиот амбасадор во Македонија Јацек Мултановски, претставници на дипломатскиот кор како и делегација од локалната самоуправа на Подлаското Војводство и од Подласкиот музеј во Бјалисток во Полска. Настанот беше згогатен со настапот на фолклорниот ансамбл „Македонија“.

изложба полска татари

Подласкиот музеј во Бјалисток е најголема музејска установа во Подлаското Војводство. Се занимава со собирање, заштита и популаризација на историското и културното наследство на градот Бјалисток, регионот Подлаше и североисточна Полска.


Извор: МИА

Tags: „Традициите и современоста на Татарите - полските муслимани“изложбаПолскаСКОПЈЕЧифте Амам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ