• Latest
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025 12:29
in ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter
Во 1946 година бил потпишан Договорот за пријателство и соработка меѓу Југославија и Албанија. а Тито предложил Албанија да стане дел од југословенската федерација, како седма република.
Во 1947 година разговорите продолжиле, но тензиите почнале да растат поради различните визии. Тито сметал дека индустријата треба да се развива во Југославија, а Албанија како неразвиена да биде само суровинска база.
Во 1948 година планот за федерација пропаднал по расколот меѓу Тито и Сталин. Хоџа, лојален на Сталин и Информбиро, ја прекинал соработката со Југославија, обвинувајќи ја за „ревизионизам“ и предавство на комунизмот. Ова довело до целосен прекин на односите и крај на идејата за федерација, пишува во пост на Фејсбук Дејан Трајковски,  професорот на  Универзитет “Св. Климент Охридски” Технички Факултет – Битола.
На сликата: албанска воена парада во Тирана во 1947 година со портретите на Сталин, Енвер Хоџа и Тито. Албанското знаме тогаш имало петокрака над орелот.

По расколот со Југославија во 1948 година, Албанија се свртела кон Советскиот Сојуз. Меѓутоа, по смртта на Сталин во 1953 година и доаѓањето на Никита Хрушчов, кој започнал со десталинизација, односите почнале да се влошуваат. Хоџа ги отфрлил реформите на Хрушчов, особено осудата на култот на личноста на Сталин, сметајќи ги за ревизионизам. Во 1961 година, Албанија формално ги прекинала односите со СССР.

По прекинот со СССР, Албанија се свртела кон НР Кина, предводена од Мао Цедунг, која исто така била во конфликт со Советскиот Сојуз. Сепак, односите почнале да се влошуваат, особено по смртта на Мао во 1976 година и доаѓањето на Денг Сјаопинг, кој започнал економски реформи, што Хоџа повторно ги сметал за капиталистички и ревизионистички. Во 1978 година, Албанија ги прекинала односите и со Кина, обвинувајќи ја за предавство на марксизмот-ленинизмот.
По прекинот со Кина, Албанија западнала во целосна, децениска самоизолација, отфрлајќи ги сите главни социјалистички сили (СССР, Кина, па дури и Југославија). Хоџа прогласил политика на самодоволност, тврдејќи дека Албанија може да опстане без странска помош. Ова довело до екстремно економско назадување и речиси херметична изолација од меѓународната заедница.
Додека Југославија ги доживувала своите ѕвездени мигови на светска слава, Албанија станала една од најзатворените земји во светот, со строга контрола врз населението, забрана за странски медиуми, ограничено движење и затворање на луѓе. Оваа изолација продолжила сé до смртта на Хоџа во 1985 година и постепеното отворање на земјата кон почетокот на 1990-тите, но по цена на големи внатрешни ломови и иселување.
После сите премрежија, денеска Албанија е земја-кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија за пристапните преговори и која се подготвува за управување на државата со помош на Вештачката интелигенција.
Македонија, од некогаш просперитетна југословенска република стана презадолжена и сиромашна балканска земја, едно бесперспективно и тажно место за живеење од каде секој сака да замине. Киднапирана е од корумпирани политичари кои го распродаваат нејзиното национално богатство, уништувајќи ја иднината на земјата и претворајќи ја во евтина суровинска и енергетска колонија на странските корпорации, без надеж за некакво подобрување во догледна иднина.
М. Д.

 

Tags: АлбанијаЕУМакедонијаСФРЈ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ