• Latest

Тренчевска: Преку силно застапување за подобар пристап до информации до поголема родова еднаквост и телесна автономија

October 19, 2023
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Преку силно застапување за подобар пристап до информации до поголема родова еднаквост и телесна автономија

October 19, 2023 12:10
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија во Женева, денес се обрати на Регионалната конференција „Население и развој: Гарантирање  на права и изборот“ во организација на UNECE/UNFPA. На конференцијата беа истакнати точките на напредок во имплементацијата на Програмата за акција  од Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година.

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за клучните точки од Националниот извештај за ICPD30 што беше развиен во пресрет на конференцијата.

„Во Република Северна Македонија, сведоци сме на слични промени во трендовите на населението како што се гледаат во регионот на Источна Европа како што е стареењето и миграцијата. Овие предизвици и аспектите на демографската отпорност се опфатени во тековното ажурирање на Демографската стратегија и Националната стратегија за развој што во моментот е во финална фаза на изработка“ рече Тренчевска.

Таа се осврна и на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година и истакна дека истата е развиена со придонес на преку 1000 млади луѓе. Таа посочи дека на таков начин се таргетирани приоритетите на младите како што е пристапот до информации и услуги, поддршка за одржување на нивното здравје и благосостојба, квалитетно образование, учество и вработување.

Тренчевска зборуваше и за напредокот на прашањето за родова еднаквост во државата со фокус на родовата еднаквост во приватниот сектор.

„Во постигнувањето на родовата еднаквост, дозволете ми да ја истакнам важноста на родово сензитивните политики во приватниот сектор кои ги одразуваат одлуките за основање семејство и споделување на семејните обврски“ рече министерката.

На крајот од своето излагање Тренчевска повика на соработка и истакна дека со градење на сојузи и поттикнување на поголема транспарентност и одговорност, регионот може да се справи со предизвиците кои ги надминуваат капацитетите на земјите поединечно.

Учесници на делегацијата од РСМ се и Др. Теута Агаи-Демјаха, Амбасадор и ПП на Република Северна Македонија при ООН во Женева; Д-р Ана Данева-Маркова, претседател на Комитетот за безбедно мајчинство; Наташа Димеска, шеф на кабинет во министерството за труд и социјална политика; Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларијата на УНФПА-Скопје, Бурим Билали, Советник во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женева; Александар Трајкоски, Втор секретар во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женева, и Анисија Угриновска, младински делегат на ОН.

Tags: Јованка ТренчевсканаселениеНационална стратегија за младиродова еднаквост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ