Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со студентите од родови студии од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.
Средбата под водство на професорката Софија Арнаудова и раководителката на секторот за еднакви можности, Светлана Цветковска беше во насока на меѓусебно запознавање преку активности, но и запознавање на законската рамка и регулативи кои ги креира Министерството за труд и социјална политика со цел поголема родова еднаквост на територијата на целата држава, напиша Тренчевска на својот фејсбук-профил.
Имав прилика да ја раскажам и мојата приказна и битките кои ги водев со цел поголема родова еднаквост во државата, напиша министерката.
Таа нагласи дека „младите со кои се сретнала биле навистина инспиративни“.