• Latest

Циркус максимус трагикус

April 30, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Циркус максимус трагикус

April 30, 2023 18:30
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скандалот во судскиот совет, најзначаниот по сила на Устав орган кој треба да ја гарантира независноста и непристраснота на судиите, е капката која дефинитивно ја прели чашата во врска со правосудните состојби. После овој циркус трагикус мора да се изнајдат одлучни, па макар и радикални решенија кои ќе го спасат правосудниот систем од него самиот, а богами и сите нас од него!

Овој орган (СС), патем, има и своја институционална историја на проблематичност која дури и од времето на Махајлота – Мано, ако се сеќавате, се брукаше по разни основи. Но, повторно, еве нè на прапочетокот.

Гледаме дека се нема ослободено од тој дух на “доброволна зараза” на неговите членови со “лукративната болест”. Или, со циркусот што ни го приредија акробатите – членови на СС, само се потврди веќе присутната скептична слика која ни беше пред очи: нашето правосудство е расштрафено и сите “решенија” што се бараат по ходници, во скришни сокачиња и кафански сепареа, се покажаа како погубни.

Решенијата затоа мора да се бараат на соодветните системски места на кочници и рамнотежа, кои секако дека се предвидени и во нашиот политички систем. Затоа, убедена сум дека тие што се поведоа по тотално самоволната, незаконската, насилна иницијатива мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Па добро бре, мајку му страта, каква е таа изјава на “потпретседателот” дека СÈ ШТО НЕ E ЗАБРАНЕТО БИЛО ДОЗВОЛЕНО? Дали се слушаш што зборуваш, г-не потпретседател?!

Луѓе мои, се чини дека овие циркузанти, поим немаат ни каде се наоѓаат, ниту пак знаат што им е работата. Или, можеби обратното е поточно: многу добро знаат која им е работата и работодавачот , па тенденциозно ја “попречуваат правдата”? Како е можно да ја “промашиле процедурата” по која треба да работат?!

Разбирате ли која е вашата суштинска улога? Тоа треба да е градење и јакнење на капацитетите на правосудниот систем, а не спротивното: негово распарчување!

Консеквентно, како и за сите други кои постапуваат спротивно на својата надлежност, и за овие мора да има опција да подлежат на одговорност. Во таа смисла, решенијата за утврдување на одговорност што стојат на располагање ги има! Не е дека ги нема. Тие ротираат околу неколку пункта: истрага за текот на седницата и во врска со записиниците и соодветно утврдување на одговорност; собраниско разрешување на членовите; или најелегантно – да поднесат оставки за да не се бламираат и нас да не нè замараат со своите рекла-казала приказни за мали деца.

Аман бре веќе, не пукнавте!

Со други зборови, немам никава дилема дека во овој состав на СС има членови кои со своето постапување, и пред сè НЕПОСТАПУВАЊЕ, треба веднаш да се најдат надвор од правосудниот систем на државата (не како орган, туку како персонален состав), а за одговорните за овие злодела, препорачувам и порaдикално решение: забранa на обавување на било каква функција во правосудниот систем, па дури и во адвокатурата.

На крајот на денот, циркузот треба да е нели “забавна работа”. Иако, во нашиот случај е испадна трaгична! Во циркузот, се приредуваат егзибиционизми преку бизарни перформанси: голтачи на пламени, ѕверови кои послушно рипкаат и играат валцер, кловнови кои до солзи ја засмејуват публиката и така натаму…. Публиката плаќа карта, ja гледа претставата и задоволна си оди!

Но, извинете, за нас тука, прво, цената е превисока, а во суштина и не баравме да гледаме циркуз. После претставата, вообичаено е Циркузот си оди од каде што дошол! Па така, и овој наш циркуз со сите негови актери и помошен персонал, треба да си замине малку подалеку, а неговите членови да се вратат некаде на почетокот на прва година на правен факултет пред првиот колоквиум.

И, секако, што е најважно, да се утврди нивната одговорност!

Извор: Либертас

Tags: Ана ЧупескаодговорностСудски советциркузчленови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ