ЦИВИЛ денеска во Скопје одржа конференција насловена како „МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“, што е дел од активностите во проектот #МКвоЕУ, во кој учествуваа над сто истакнати личности од повеќе општини во земјава.
Модератор на денешната конференција, а воедно и говорник, беше Џабир Дерала од ЦИВИЛ, а освен него воведни говори имаа и проф. Катерина Колозова, проф. Ана Чупеска, Александар Новакоски, проф. Сефер Тахири и Марјан Забрчанец.
Тие пред големиот број присутни, меѓу кои и јавни личности, се обидоа да одговорат на прашањето: Што треба да направат следниот претседател и идната влада во својот мандат?
Во своите говори тие се осврнаа на теми поврзани со човековите права и слободи, еднаквост и инклузивност, Избори и право на глас, започнатите процеси од Преспанскиот договор кои треба да се финализираат, медиумски слободи и медиуми, регионална соработка, дезинформации и странско малигно влијание, хибридните напади, патот кон ЕУ, образовни политики и образование, економија, развој и зелени политики.
По завршувањето на воведните говори, учесниците на конференцијата развија дискусија и разменија информации, ставови и препораки за актуелни и претстојни теми и процеси.
Со денешната конференција заврши караванот на активности во проектот #МКвоЕУ, кои во изминатиот период се одржаа во различни општини низ државата.
Г. Т.