ЦИВИЛ ја продолжува серијата настани „Зад димната завеса: Со референдумот, или на него“ со панел дискусија што ќе со одржи денеска во 13, 30 часот, во Прес студиото на организацијата.
Учесници на панелот ќе бидат новинарот и колумнист, Ерол Ризаов, и колумнистката Никица Корубин, а ќе разговараат за иницијативата на ВМРО -ДПМНЕ за Референдум за поништување на Договорот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, која вчера беше одбиена од Собранието на Република Северна Македонија. Панелот ќе го води Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.