ЦИВИЛ организира прес конференција под наслов „Отворено, за сите прашања“ на 29 јуни (вторник), во хотел Парк Резиденс & Спа (зад градскиот фудбалски стадион), сала Њујорк, со почеток во 11 часот. Со оваа прес конференција, ЦИВИЛ ќе ја информира јавноста за своето дејствување, за тековните и претстојните активности и проекти.
Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ.
Пресот е отворен и за новинарски екипи со физичко присуство. За време на преносот во живо, може да се поставуваат прашања во писмена форма, со порака на Фејсбук или на мејлот [email protected].
Како се одвива и како ќе се одвива изборниот мониторинг на ЦИВИЛ оваа година? Кои се постигнувањата и предизвиците од досегашната имплементација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ во дадените општествено политички прилики? Што претставува проектот „Зелено општество за сите“? Во што се состои новата фаза од иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“? Ќе стане збор и за борбата против опасните дезинформации, говорот на омразата, националистичките наративи и хибридните закани со кои се соочува општеството.
На прес конференцијата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ќе одговара и на сите други прашања за кои се интересира јавноста.
По прес конференцијата, ЦИВИЛ ќе одржи и јавен настан „Невладините под лупа“, со почеток во 12 часот. Прес конференцијата се очекува да трае до 30 минути. По пресот премиерно ќе бидат емитувани видео изјави од Кристина Арнаудова и Перо Арсовски кои се дел од иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
ЦИВИЛ