По социјалните мрежи често кружат и „наивни прашања“ од одредени високи функционери во врска со пописот. Едно од тие прашања е како ќе се попишуваат хоспитализираните КОВИД пациенти. ЦИВИЛ МЕДИА се обрати до Државниот Завод за Статистика со истото прашање, на што веднаш го доби следниот одговор:
„По методологија на пописот, попишувачите не влегуваат во болници. Болницата се евидентира како зграда/објект, а сите пациенти што се внатре, ги попишуваат нивните семејства кога попишувачите ќе дојдат во нивните домаќинства.“