ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики. Во овој прилог е објавен формуларот за пријава.
ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи веќе со години се ангажира во борбата против лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата. Анализите и прогнозите во Организацијата упатуваа на тоа дека во периодот пред одржување на предвремените парламентарни избори, но и во постизборниот период, општеството ќе се соочи со црната кампања. Општо земено, важните интеграциски и реформски процеси и настани често ги придружуваат пропагандни активности на центрите на моќта чии цели се спротивни на стратешките интереси Република Северна Македонија.
Во своите јавни настапи, ЦИВИЛ постојано порачува: Не чекајте! Помогнете му на македонското општество да се справи со негативните појави, политики и практики кои се спротивни на демократските стандарди и човековите права и слободи!