• Latest
Кијивска област, фото: Родриго Абд, АП

ЦИВИЛ со жестока осуда за воените злосторства на руската војска во Украина, според фон дер Лајен руските власти ќе мора да одговараат, почна ловот по „касапот од Буча“

April 6, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ со жестока осуда за воените злосторства на руската војска во Украина, според фон дер Лајен руските власти ќе мора да одговараат, почна ловот по „касапот од Буча“

April 6, 2022 16:18
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Кијивска област, фото: Родриго Абд, АП

Кијивска област, фото: Родриго Абд, АП

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ: Згрозување и крајна осуда за воените злосторства на руската војска врз украинските цивили

ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи, прва во Северна Македонија и меѓу првите во светот ја осуди руската брутална агресија врз Украина што започна на 24 февруари. Уште во првите часови од инвазијата стана очигледно дека руската војска нема намера да ги почитува Женевските конвенции и хуманитарното право. Цивилите, меѓу кои и жени и деца, беа првите што го почувствуваат огнот на тешкото вооружување во ракетирањето и бомбардирањето на станбени објекти, болници, училишта и градинки. Сега, по воспоставување на контрола на дел од претходно окупираните области на Кијив и други жаришта низ Украина, на површина излегоа поразителни и шокантни докази за невидени воени злосторства извршени врз невооружени цивили, систематско убивање, тортура и силување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Фон дер Лајен: Сите ги видовме застрашувачките слики на Буча. Ова се случува кога војниците на Путин ја окупираат украинската територија. Тие ова го нарекуваат ослободување. Јас ова го нарекувам воени злосторства. Руските власти ќе треба да одговараат за нив

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, говорејќи на пленарниот состанок на Европскиот парламент во средата, изјави дека руските власти ќе мора да одговараат за воените злосторства извршени во Украина.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Почна ловот по Азат Омурбеков, „касапот од Буча“, ветеран неодамна благословен од Руската православна црква, за кој постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинскиот главен град Киев. Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби.

Од 4 часот наутро на 24 февруари 2022 година, кога започна вооружениот напад на Руската Федерација против Украина, до 24:00 часот на полноќ на 4 април 2022 година (по локално време), Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ОХХР) регистрираше 3.675 цивилни жртви во земјата: 1.480 загинати и 2.195 повредени., соопштуваат од ОХЦХР.

Свесни сме дека окупаторите се побројни од нас. Дека имаат повеќе опрема. Но, ние немаме друг избор – се решава судбината на нашата земја и нашиот народ. Знаеме за што се бориме. И правиме се за да победиме, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.

Цел свет беше згрозен од злосторствата на рашистите: слики од мртви луѓе со врзани раце, знаци на тортура, масовни гробници… Буча, Ирпин, Гостомел, пренесува КП.уа кој разговараше со неколку жители на овие градови. Една жителка на Буча, Елена (името сменето), се надеваше дека по некое чудо војната ќе го заобиколи нивното тивко градско предградие. Сепак, сè се случи токму спротивното.

На Генералната аудиенција во средата, папата Франциск го развиори украинското знаме предадено од градот Буча и повика на молитва за невините жртви и да се стави крај на војната во Украина.

По извештаите за очигледни воени злосторства извршени од страна на руските воени сили врз цивилите во Буча, Ањес Каламар, генералната секретарка на Амнести Интернешнл, изјави дека извештаи од Буча покажуваат поширок модел на воени злосторства, вклучително и вонсудски егзекуции и тортура во други окупирани области на Украина.

Пентагон смета дека конфликтот во Украина ќе се одолговлекува и може да продолжи со години, изјави денеска претседателот на Советот на началниците на генералштабовите на САД, Марк Мили.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД  Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои денеска на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗБ)

ИНТЕГРАЦИИ Регионалната соработка во контекст на европската иднина на земјите од регионот, со посебен фокус на напредокот на Република Северна Македонија, реализацијата на европските реформи и приближувањето на земјата кон европските стандарди на патот кон полноправно членство во Унијата, беа меѓу темите кои Маричиќ и Брегу ги отворија на средбата.

ЗЕЛЕНИ Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со претставници од Владата, првиот вицепремиер и министри, и генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаичната електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема, соопштуваат од владината прес служба.

СТРАТЕГИЈА За поддршка на имплементација на Стратегијата за Роми за оваа година издвоени се 73 милиони денари, што е зголемување за 14 милиони денари во споредба со буџетот за 2021 година. Најголеми приоритети се ставени на потенцијалот на ромската заедница, од економски аспект, но и вработување преку оперативниот план, посочи на денешната прес-конференција советникот на Владата, Елвис Мемети

ЗАПАДЕН БАЛКАН Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан, изјавил претставник на Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали САД се загрижени за информациите од Бугарија дека постои ризик Западен Балкан да стане регион на нестабилност поради делување на руски агенти.

ДЕМОГРАФИЈА Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Џон Кенеди Мосоти, директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Северна Македонија, Србија и Косово,  и Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларијата УНФПА во земјава, на која разговараа за подготовката на новата Стратегија за демографски политики на Северна Македонија,

АНТИКОРУПЦИЈА За ефикасна борба против корупцијата, освен законската рамка, е неопходно нејзина доследна примена преку ефикасен систем кој нема да зависи од човечки фактор или гарнитура на власт туку ќе функционира транспратентно и ефикасно, како и поединечна посветеност на сите институции влучени во системот за борба против корупцијата, но и нивна меѓусебна соработка, порачаа дел од учесниците на Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК),

ПРАВДА Министерот за правда Никола Тупанчески признал дека не ја платил картата за чартер лет и влезот во стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако цела јавност го виде на трибините, односно по четири дена од одржувањето на натпреварот. Пред само неколку дена, министерот тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ ја објави публикацијата „Локални избори 2021: Рововска битка со црната пропаганда и дезинформации“

ЦИВИЛ ја објавува публикацијата Локални избори 2021: Рововска битка со црната пропаганда и дезинформации во која се објавени извештаи, анализи, коментари на ЦИВИЛ, што произлегуваат од долгорочниот и краткорочниот мониторинг на политичките и изборните процеси.

Оваа публикација е достапна онлајн и е трета од четирите кои се однесуваат на спроведувањето на Локалните избори 2021.

Насловната страна од публикацијата на ЦИВИЛ „Локални избори 2021: Рововска битка со црната пропаганда и дезинформации“

МУЛТИКУЛТУРА

Авторката Лиса Баута Шаќири во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите затоа што е возможно нашата држава и општество да оди напред.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

Да речеме, земете ги двете најчесто наведувани теми кои се однесуваат на довербата во правосудството (што го симболизира поапстрактниот поим за состојбата со правдата во општеството) и борбата против криминалот и корупцијата (што е поврзано со јавното чувство за функционирањето на институциите, редот и казнивоста за злоупотребата на моќта во општеството, што повторно води до концептот за дистрибуцијата на правдата). За тие две теми, од повеќе претходни истражувања на јавното мислење може да се заклучи дека јавноста е одамна уморна од бесконечните „реформи“ кои со децении (!) не даваат очекуван резултат. Јавноста сака реформски пристап што ќе даде опипливи резултати., пишува Сашо Орданоски во колумната „Глупави анкети за глупави политичари“

 

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

„Руската војска, со предумисла, барала луѓе кои ѝ служеле на нашата земја во Буча, за да ги убие. Тие пукаа и убиваа жени и деца. Цивилите биле прегазени од тенкови додека седеле во своите автомобили. Жените биле силувани и убивани пред очите на нивните деца“ – сведочеше Зеленски во ОН.

Како „одговор“, руската пропаганда преку Твитер, лансираше кампања со видео снимки на кои се гледаат лица во украински униформи кои, наводно во Днипро, брутално апсат група луѓе во цивилна облека. Снимките од настанот, меѓу другите, ги објави @JazzDeus во коментар на Твитер, изразито антизападен профил кој изобилува со дезинформации и теории на заговорот,  пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Руска пропагандна диверзија со краток рок и низок дострел“

 

Воени злосторства

На 2 април добивме добра вест: Кијивската област беше целосно ослободена од руските окупатори. Во тоа време, Украина се радуваше затоа што сè уште не ги беше видела страшните злосторства против човештвото извршени од страна на руската армија во предградијата на Кијив – гратчињата Буча, Гостомел и Ирпин, кои го задржуваа непријателот на пристапот кон главниот град уште од првиот ден на војната. Деновиве, светот крикна од ужас: фотографиите од улиците на територијата ослободена од окупаторите личат на снимка од хорор филм, пишува Дарија Ѓорѓиевска во колумната „ Буча, Ирпин, Гостомел: Злосторства на руските војници, за кои треба да знае целиот свет“

 

Украински бегалци

Жените и децата бегалци кои бегаат од војната во Украина во Полска се мета на осомничени макроа и сексуални трговци кои работат сами и во банди, според добротворните организации кои работат на границата, пренесува The Guardian.

Волонтери патролираат на полската граница за да ja пополнат, како што велат, опасната празнина во заштитата на ранливите бегалци.

„Ги регистриравме првите случаи на осомничени макроа кои „ловат“ Украинки во близина на пунктови за засолништа за бегалци во Лублин; совладувајќи ги, понекогаш агресивно, под превезот на нудење превоз, работа или сместување“, рече Каролина Вирцбинска, координаторка во Хомо Фабер, организација за човекови права со седиште во полскиот град Лублин, пишува Мартина Ацковска во анализата „Украинските бегалци, жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација“

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ