По извештаите за очигледни воени злосторства извршени од страна на руските воени сили врз цивилите во Буча, Ањес Каламар, генералната секретарка на Амнести Интернешнл, изјави дека извештаи од Буча покажуваат поширок модел на воени злосторства, вклучително и вонсудски егзекуции и тортура во други окупирани области на Украина.
„Се плашиме дека насилството што го претрпеа цивилите во Буча од рацете на руските војници не е единствени. Овие инциденти треба да се истражат како воени злосторства, изјави Каламар. „До денес, Амнести интернешнал има собрано докази за убиени цивили во Украина во неселективни напади во Харков и во Сумиската област, документираше воздушен напад во кој загинаа цивили кои чекаа во редици за храна во Чернихив и собра докази од цивили кои живеат под опсада во Харков, Изиум и Мариупол. ”
Подоцна оваа недела, Амнести интернешенел ќе објави нови сведочења собрани за време на теренска истрага во голем број градови во поширокиот регион Киев.
Додека Русија ја продолжува својата војна против Украина, Амнести интернешенел продолжува да документира кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право. Сите резултати на Амнести интернешенел објавени до денес – вклучувајќи ажурирања на вести, брифинзи и истраги – може да се најдат на нивната веб страна.
Руската агресија против Украина сама по себе е кривично дело според хуманитарното право.
Д.Мишев