• Latest

Тунева: Медиумите се одговорни за отстранување на коментари со говор на омраза на нивните страници на социјалните мрежи

January 13, 2022

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Тунева: Медиумите се одговорни за отстранување на коментари со говор на омраза на нивните страници на социјалните мрежи

January 13, 2022 13:45
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според д-р Марина Тунева, експерт во медиумската област и извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), медиумите се одговорни за редовно прегледување и брзо отстранување на коментарите на корисниците што се објавуваат под новинарските содржини на веб-страниците или на социјалните мрежи, а коишто содржат говор на омраза и имаат потенцијал да предизвикаат штетни последици во општеството.

„Во ниту еден случај медиумите не смеат да дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за ширење омраза, упатување повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството, итн. Со самото тоа ќе ѝ овозможат на медиумската публика самостојно да донесе вредносни судови кои се засновани на факти, наместо предрасуди и митови“, вели Тунева за ЦИВИЛ Медиа.

Тунева посочува дека стандарди и насоки поврзани со ова прашање се содржани во Насоките за етичко известување во онлајн медиумите, коишто ги подготви СЕММ, во широка консултација со медиумската заедница и со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тие беа објавени во март минатата година. Поконкретните одредби се следниве:

Член 20

„Онлајн медиумот е одговорен и за содржината на објавените коментари од своите читатели, објавени на веб-страницата на онлајн медиумот во просторот за коментари, под новинарските содржини.

20.2. Онлајн медиумот ќе ги отстрани сите коментари кои содржат: повикување на насилство или други кривични дела, говор на омраза, дискриминација, закани и други облици на загрозување на правата и безбедноста на поединци, групи, институции, без оглед дали се директно или индиректно поврзани со текстот или темата што се обработува во него.

20.3. Онлајн медиумот ќе дефинира правила за уредување на коментарите на читателите во просторот за слободно коментирање под објавените текстови и содржини. Тие правила ќе бидат објавени на платформите на кои содржината се објавува и ќе содржат: информации за регистрирањето на коментарите, почитувањето на правилата на коментирање, недозволени содржини во коментарите, причина за отстранување на коментарите и др.

Онлајн медиумот е одговорен и за содржините на коментарите поставени кон новинарските содржини на медиумот објавени на неговиот профил на социјалните мрежи.

Петрит Сарачини

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ