ВЕСТ НА ДЕНОТ: Тужбите до Управен суд не ги променија одлуките на ДИК
Поднесените тужби од политичките парти до Управен суд, против решенијата донесени од Државната изборна комисија не донесоа ништо ново.
Со исклучок на две тужби на ВМРО-ДПМНЕ и по една на партијата Демократи и на Единствена Македонија, што ќе бидат разгледани во текот на денешниот ден, Судот ги одби сите други тужби, поднесени од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и партиите Левица, Интегра и МОРО – Работничка Партија, како неосновани.
ФЛЕШ ВЕСТИ:
МВР продолжува со истрага за утврдување на ИП адресите за нападот на веб станицата на ДИК.
Во Судот во Велес денеска почна судењето на Владимир Панчевски, се проверува дали му е одземен имунитетот.
ДКСК: Сестра ѝ на Катица Јанева е незаконски именувана во Комисијата за хартии од вредност.
Денеска беа хакирани сајтовите на министерствата за здравство и образование.
Македонија очекува 3 милијарди евра од идниот седумгодишен буџет на ЕУ.
Извршителите од денеска продолжуваат со редовните активности откако истече важноста на Уредбата, со која беше предвидено 30 дена по престанувањето на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за извршување.
Антикорупциска комисија бара Владата да го разреши Тозија за незаконски исплати за филмски проекти.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Продолжува серијата прелиминарни извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ по изборни единици.
Профил на еден мразач од Прилеп.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Така се случи, недолго откако вчера го прочитав интервјуто, објавено на сајтот it.mk, со хакерите кои стојат зад нападот на агрегаторот time.mk (https://www.it.mk/intervju-so-hakerot-koj-stoi-zad-napadot-na-time-mk/), тие вечерта хакираа уште неколку државни институции на сличен начин и со слични пораки како и при хакирањето на time.mk“, пишува Сашо Орданоски во „Кога хакерската играчка ќе стане плачка“.
Ангела Петровска