• Latest

Тврдокорни: Дивото месо треба да биде отсечено!

January 10, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тврдокорни: Дивото месо треба да биде отсечено!

January 10, 2018 12:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Тие малкумина паразити, го јадат, трошат, убиваат народот и затоа ние ќе ги отфрлиме од нашето општество. Тоа се штеточини, паразити кои живеат меѓу нас во нашиот свет и паразитски го црпат животот на целиот македонски организам. Тоа е диво месо кое треба да биде отсечено од нашето општество“, им се заканија „Тврдокорните“ на македонските политичари од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Ако ви се комшии од сега не поздравувајте се со нив. Не им велете „здраво”, „добар ден”. Не зборувајте им и не обраќајте им се. Вашите деца да не ги дружат нивните. Ако биле себични и мислеле само на себе, тогаш сами нека живеат. Ако покрај вас на улица помине паразитот запејте ја – „Проклети да се предавниците“, или некоја друга соодветна песна. Доволно колку да ве слушнат. Или плукнете со гадост додека поминуваат покрај вас. Кога ќе поминувате пред вратите или под прозорите на нивните станови испејте ја „Проклети да се предавниците“. Кога ќе поминете покрај нивните куќи плукнувајте накај нив и викнете – проклети да се предавниците и поминете си. Или со ногата гмечете во празно како да гмечите тавтабита.
Ако влезат во вашата продавница или било каде ако ви се обратат или не им зборувајте или ако морате да им одговорите свртете ја главата настрана за да им дадете до знаење дека не сакате да го дишете нивниот смрден предавнички здив. Ако влезат во кафана, ресторан каде седите со пријателите, станете и додека со удари на двете раце удирате како да сплескувате мува или со гмечење на ногата како да гмечите лебарка пејте ја песната „Проклети да се предавниците“, порачуваат „Тврдокорните“.

Тие тврдат дека кога ќе ја повратат татковината на народот, тогаш надворешниот непријател ќе биде победен.

„Тие малку паразити го уништуваат целиот организам. Не сакаа да сфатат со добри зборови, сега ќе мораат сфатат со сила и лош однос кон нив. Ние ќе бидеме пеницилин прво во мала доза после се повеќе како што народот ќе сфати тогаш дозата ќе биде ударна и да ги уништи за век и веков.
Да стане имун народот Македонски и да живее нормален живот.
Премногу ли бараме? Нивните дрски, себични, безумни предавнички дела се со сериозни катастрофални последици за нашите животи. И нашиот однос кон нив ќе биде сериозен со сериозни последици за нивните животи“, предупредуваат тие.

Самонаречените македонски патриоти велат дека нема да ги заборават Делчев, Кузман, Ченто и милионите пострадани низ сите војни и прогони за македонската национална слобода.

„Зарем после толку векови трпење заради Христа сега ќе ја замениме верата во Спасителот за некој си глупав забеган запад со неговите безсмислени детски играчки. Ако паразитите се покајат и го признаат своето недело ќе им простиме, но само откако ќе поминат време на успешно македонско превоспитување“, истакнуваат Тврдокорните.

Тие цитираа и неколку цитати од Библијата.

Матеј 18
15. *Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо, ако те послуша, си го придобил брата си;
16. Ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
17. Ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи и` на црквата, па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и матник.

Дехран Муратов

Tags: БиблијаВМРО-ДПМНЕдиво месозаканаМатеј 18паразитипариотиСДСМТврокорни
Share37TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ