• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Украина може да го следи примерот на САД доколку ја забрани кинеската пропагандна алатка Тик-Ток

April 4, 2024
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Украина може да го следи примерот на САД доколку ја забрани кинеската пропагандна алатка Тик-Ток

April 4, 2024 16:51
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Украинските власти размислуваат за забрана на кинеската социјална мрежа Тик-Ток доколку САД го направат тоа, изјави пратеникот Јарослав Јурчишин во интервју за RBC-Ukraine објавено на 1 април.

Како што пренесува Кијив индипендент, на прашањето дали Украина исто така ќе го забрани Тик-Ток, Јурчишин рече дека одлуката на САД може да обезбеди основа Украина да го следи примерот. Но тој, исто така призна дека всушност би било тешко да се забрани апликацијата и рече дека „сè уште го следиме процесот“.

Претставничкиот дом на САД усвои закон во март 2024 година со кој се бара од матичната компанија на Тик-Ток, кинеската ByteDance да ги продаде своите акции во компанијата во рок од шест месеци или да го изгуби пристапот до американските пазари. Предлог-законот допрва треба да биде усвоен во Сенатот, а апликацијата сè уште е слободно достапна во САД.

Законодавците во САД кои се противат на Тик-Ток често укажуваат на неговите кинески врски, иако од Тик-Ток изјавуваа дека нема да ги одобрат барањата на кинеската влада за пристап до податоците на корисниците во САД. Сега Тик-Ток е под голем регулаторен притисок во Соединетите Држави и на поширокиот Запад. Ако платформата во кинеска сопственост сака да го убеди светот дека не е алатка за автократи, покрај оттуѓување на сопственоста, како наједноставен и најбрз потег се сугерира етикетирањето и намалувањето на видливоста на руската пропаганда на социјалната мрежа.

Дополнителна причина за тоа е и фактот што Тик-Ток, како производ на кинеска компанија, прерасна во една од битните алатки на кинеската пропаганда, која, пред сѐ, го користи за навидум позитивна пропаганда, насочена кон претставување на сите кинески достигнувања во позитивно светло, пред сè на економски и на технолошки план и сака да го претстави својот развоен модел како алтернатива на западниот развоен модел, вклучително и својот политички модел, како алтернатива на западните демократски вредности, со тенденција да пласираат содржини поврзани со кинескиот економски развој, футуристички градови, спортски достигнувања, со слатки панди, кои Кина ги донира насекаде низ светот. Меѓутоа, содржини што ќе бидат привлечни за помладите категории, кои се и најголеми корисници на Тик-Ток, со цел, кога има потреба, да се пласираат убедителни содржини, насочени кон постигнување одредена цел на кинеската влада.

Она што најмногу ги загрижува украинските власти, и ги поттикна да размислуваат за  забрана на кинеската социјална мрежа доколку САД го направат тоа, е што  Тик-Ток, исто така, беше широко користен за ширење дезинформации, вклучително и за војната во Украина, за што веќе предходно пишуваше ЦИВИЛ Медиа. Мрежата имаше централна улога во (дез)информирањето на светот за руската агресија врз Украина. Беше особено вредно во раните денови на конфликтот, кога луѓето беа очајни за вести и можеа да најдат ажурирања во реално време за воените маневри и условите на теренот преку платформата. Руските државни медиуми го забележаа тоа и ја користат апликацијата за да го поттикнат својот сопствен наратив. Наводно, Тик-Ток имал повеќе од 13 милиони корисници во Украина од почетокот на 2023 година, пишува сајтот Data Reportal, цитирајќи податоци од ByteDance.

Блумберг во февруари 2023 година објави дека Тик-Ток открил огромна мрежа на проруски дезинформации што се шират на апликацијата. Мрежата таргетирала над 100.000 европски корисници во текот на летото 2022 година, додека околу 1.700 сметки, маскирани како локални корисници, но со седиште во Русија, пропагирале антиукраински наративи на луѓето во Германија, Италија и во Обединетото Кралство.

Според Блумберг, сметките собрале 133.564 следбеници меѓу јули и септември 2022 година, но без јасни докази дали мрежата има директни врски со Кремљ.

Откритието беше објавено како дел од извештајот според Кодексот на практика на Европската Унија за дезинформации, манипулации со странски информации и закани за мешање и нуди докази за руските кампањи за дезинформација, покрај анализата на новите техники на дезинформација и увид во соработката меѓу Русија и Кина.

Драган Мишев

 

Tags: tik tokКинапропагандаРусијаруска агресија врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ