• Latest

Украинското МНР по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите: Во текот на осумте месеци агресија , Русија извршила 457 злосторства против новинари и медиуми во Украина

November 2, 2022
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинското МНР по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите: Во текот на осумте месеци агресија , Русија извршила 457 злосторства против новинари и медиуми во Украина

November 2, 2022 14:46
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес светот го одбележува Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите.

Од 2014 година, војната на Русија против Украина е придружена со злосторства против новинарите и уништување на независното новинарство на привремено окупираните украински територии. Убиства и киднапирања на претставници на медиумите, апсења, заземање телевизиски кули, неосновани претреси во уредничките простории – само мал список на злосторства извршени од руските окупатори врз медиумите.

Од февруари 2022 година, во текот на осум месеци агресија од големи размери, Русија извршила 457 злосторства против новинари и медиуми во Украина, според податоците од мониторингот на Институтот за масовни информации. Заклучно со октомври, руските окупатори убија повеќе од четириесет украински и странски новинари.

Го забележуваме и алармантното влошување на состојбата со човековите права и слободата на говор во привремено окупираниот Крим. По окупацијата во 2014 година, кога независните новинари беа принудени да го напуштат полуостровот или беа уапсени, на полуостровот се развива феноменот на граѓанско новинарство. Обичните граѓани, ризикувајќи ги своите животи, се приклучуваат во покривањето на злосторствата на руските окупатори. Според информациите на бранителите на човекови права, во моментов 14 новинари, вклучително граѓани новинари, ги држат зад решетки на окупираниот Крим или на територијата на РФ.

Инвазијата на руските трупи стана нов рекорд на брутална репресија врз претставниците на регионалните медиуми: стотици медиуми на привремено окупираните територии беа принудени да прекинат со работа поради закани и неможност за вршење новинарски активности во услови на привремена окупација.

Украинските региони окупирани од Русија се систематски изолирани од украинскиот информативен простор, таму е блокирана украинската радиодифузија и работата на националните интернет оператори, наместо тоа, окупаторите емитуваат руски државни канали.

Русија, исто така, води активна информативна војна, ширејќи дезинформации за Украина, спроведувајќи специјални операции за дестабилизација на општеството и дискредитација на односите со меѓународните партнери.

Сега е клучно да се консолидираат заедничките напори за борба против руската пропаганда и дезинформациите, вклучително и по пат на прекинување на активностите на руските пропагандни радиодифузери во странство.

Во овој контекст, ја повикуваме меѓународната заедница да воведе и прошири санкции против руските медиуми кои шират лажни информации, вклучително и за оправдување на вооружената агресија на Русија против Украина.

Украина и нејзините партнери, исто така, ќе продолжат да вложуваат напори за истражаување на руските злосторства против новинарите во Украина и активностите на руските пропагандисти кои се вклучени во злосторни информативни операции како интегрална компонента на војната од големи размери против Украина. Виновниците за овие злосторства ќе бидат казнети на најстрога казна. Ја изразуваме нашата благодарност до илјадниците украински и меѓународни новинари кои, честопати ризикувајќи ги сопствените животи, му ја кажуваат на светот вистината за војната во Украина.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ