Растргнат меѓу Брегзит и надворешната политика на Доналд Трамп, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, даде интервју за „Политико“, во кое ги изнесе и сопствените ставови за односот на ЕУ кон Балканот.
Јункер посочува дека – ако е точна оценката на Трамп оти ЕУ се распаѓа – „Западниот Балкан би ја изгубил европската перспектива“.
Но, и неговиот став за Балканот не е помалку контрадикторен. Од една страна, Јункер изјавува дека „не е за тоа земјите од Западниот Балкан набрзо да ѝ се придружат на Европската унија“. А веднаш во продолжение додава: „… но, ако им ја одземете европската перспектива, тогаш повторно ќе го имаме она што го имавме во деведесеттите. Во таа смисла, стабилноста на системот на ЕУ е предуслов Балканот да не биде повторно во војна, се надевам дека Трамп тоа го разбира“