• Latest

УНМИК посредувал меѓу Приштина и Интерпол за укинување на потерницата против Харадинај

December 5, 2017

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

УНМИК посредувал меѓу Приштина и Интерпол за укинување на потерницата против Харадинај

December 5, 2017 09:46
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) соопшти дека во декември 2016 година на Интерпол му предала нота од косовските власти, во која се бара да се укинат потерниците против 20 жители на Косово.

Мисијата на ОН истакна дека на тој начин посредувала меѓу Приштина и Интерпол, врз основа на „улогата што ја има во согласност со Резолуцијата 1244  на Советот за безбедност на ОН“.

Ова се наведува во соопштението кое портпаролот на Канцеларијата на УНМИК за стратешки комуникации и јавни работи Санам Долатшахи му го проследил на Танјуг како одговор на прашањето на агенцијата, кој му дал согласност на УНМИК да бара укинување на потерницата за косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кого Србија го товари за воени злосторства  и „каква е всушност природата на таа потерница“.

Во објаснувањето за улогата на УНМИК во врска со неодамнешната одлука на Интерпол, во соопштението се наведува дека е „во согласност со улогата на УНМИК според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 2002 година и оти УНМИК има потпишано Меморандум за разбирање со Интерпол“.

Станува збор за Меморандумот „Соработка во спречување на криминал и во кривична правда“ чија цел, како што се наведува, била да се воспостави рамка за соработка меѓу страните, вклучувајќи и размена на полициски информации, објавување и проток на потерници на Интерпол, пристап со мрежи и бази на податоци на Интерпол“.

Во соопштението се истакнува дека Меморандумот за разбирање меѓу Интерпол и УНМИК се уште е во сила.

„Затоа, УНМИК делува како посредник меѓу косовските власти и Интерпол, кога станува збор за сите прашања во врска со спречување на криминал, полициска соработка и кривична правда“, се наведува во соопштението.

Во тој контекст, УНМИК во декември 2016 година на Интерпол му предал нота од косовските власти, во која се бара укинување на меѓународните потерници против 20 косовски жители, а тоа е направено врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН „како што е правено во сите акви случаи во минатото“.

Интерпол од списокот на барани лица отстрани 18 лица од Косово кои ги бара Србија, а меѓу нив е и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. Сите тие сега се слободни без проблем да патуваат надвор од територијата на Косово. 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: КосовоУНМИКХарадинај
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ