• Latest

Упад во ТВ 21: Продолжува бандитското однесување на Груевски и неговите насилници!

June 17, 2016

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Упад во ТВ 21: Продолжува бандитското однесување на Груевски и неговите насилници!

June 17, 2016 20:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски побарало од новинар на ТВ 21 да ги избрише фотографиите од мобилниот телефон, на кои бил фотографиран лидерот на ВМРО-ДПМНЕ шетајќи низ улица Македонија, јави оваа телевизија.

Според ТВ 21, откако го забележал дека е во прошетка, новинарот се обидел да го сними  екс-премиерот за објава на интернет-страницата на ТВ 21. Потоа, припадниците на обезбедувањето на Груевски влегле во дворот на телевизијата, го одземале мобилниот уред и ги избришале фотографиите. На новинарот му побарале новинарска легитимација, при што тој уредно ја покажал. Едниот од обезбедувањето приложил и легитимација дека е лице вработено во МВР.

„Сметаме дека екс-премиерот е јавно лице, и во интерес на јавноста е да се знае што прави и како се однесува. Ја повикуваме неговата партија и Министерството за внатрешни работи да се огласат за овој инцидент. Безбедносните камери на ТВ 21 го забележа овој настан, односно регистрираа како обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски, без дозвола на ТВ 21 влегува во телевизијата“, се вели во објавата на ТВ 21.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува овој насилен и бандитски чин, со кој брутално се нарушува слободата на медиумите во земјава. Токму ваквите акти и противзаконското однесување на насилниците на Груевски се меѓу главните причини зошто угледот на Македонија во меѓународната јавност во однос на медиумите е урнисан и сè уште е во слободен пад.

Неодамна, респектабилната „Фридом Хаус“ за првпат ја оцени Македонија како неслободна земја, што секако дека е последица, меѓу другото, и на вакви акти.

Власта во Македонија, изминативе неколку години, упаѓа и затвора медиуми и новинари, а не беа ретки и случаите на физичко насилство кон новинарите, дури и од високи владини функционери.

Ја повикуваме јавноста да ги поддржи новинарите на ТВ 21 и нивните заложби за слободно и непречено известување за сите прашања кои што се од јавен интерес.

Бесправното влегување во еден медиум и нелегалното одземање на снимки не смее да помине!

Tags: бандитизамГруевскиМедиумиОбезбедувањесоопштениеТВ21Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ