• Latest

Управниот суд пресуди, ќе се прегласува во Теарце!

December 20, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Управниот суд пресуди, ќе се прегласува во Теарце!

December 20, 2016 18:14
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот суд на денешната седница ја прифати тужбата на коалицијата „За живот во Македонија“, предводена од СДСМ и одлучи да се поништи гласањето на гласачкото место бр. 2011 во Општина Теарце, во Шестата изборна единица. Тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудуваат изборниот процес и на денот на прегласувањето, во недела на 25-ти декември.

На ова избирачко место вкупно се евидентирани 714 граѓани со право на глас. Од нив, на 11-ти декември гласале 404 избирачи. Според резултатите од ДИК, 17 гласачки ливчиња биле неважечки. Најмногу, 91 граѓанин, го дале својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. За СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, гласале 87 избирачи, за ДПА својот глас го дале 64, а 53 избирачи гласале за ДУИ. „Коалицијата за промени и правда“ добила еден глас, а ПДП ниту еден, „Алијанса за Албанците“ освоила 25 гласови, коалицијата „ВМРО за Македонија“ – 1 глас, а за Беса гласале 65 граѓани.

upraven-sud-tabla

СДСМ и коалицијата поднесоа уште три тужби, против одлуките на ДИК, за изборни нерегуларности, со кои бараат прегласување на три избирачки места, за кои исто така, се чека одлуката на Управниот суд.

Тужба до Управниот суд поднесе и ВМРО-ДПМНЕ, откако ДИК го прифати приговорот на Беса. Всушност, ВМРО-ДПМНЕ е против поништувањето на резултатите од гласањето на Избирачкото место – 0396/1, во Општина Гостивар, во Шестата изборна единица. Прегласувањето на ова избирачко место, го носи ризикот за ВМРО-ДПМНЕ, да изгуби еден пратеник, со што практично ќе се смени целата политичка констелација во однос на пратеничките места во идниот парламент.

На ниво на целата Изборна единица 6, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е само 307 гласови, предност за ВМРО-ДПМНЕ.

Тимови на набљудувачи на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудуваат изборниот процес и на денот на прегласувањето.

М. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БесаВМРО-ДПМНЕДИКДПАДУИизборинерегуларностипрегласувањеСДСМУправен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result