• Latest

Ѓуриќ депортиран во Србија, Српска листа излегува од Владата

March 27, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ѓуриќ депортиран во Србија, Српска листа излегува од Владата

March 27, 2018 07:44
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ синоќа беше депортиран во Србија, каде во Куршумлија му е укажана лекарска помош.

По разговорот на претседтелот Александар Вучиќ, со рускиот претседател Владимир Путин и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини се огласи и Брисел со осуда за случувања и порака до властите на  Косово и на Србија, за дијалог и воздржаност и сериозност за да не дојде до ескалација на состојбата.

По завршувањето на итната седница на Советот за национална безбедност, синоќа се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека Приштина превзела брутален чин на безумие и тежок криминален акт со апсењето на Ѓуриќ, со поддршка на одделни земји.

Според него сите оние кои учествувале во киднапирањето на Ѓуриќ, меѓу кои има и Срби, ќе одговараат пред српските судови.

Вучиќ во обраќањето пред новинарите изјави дека е бесмислено да се разговара за бриселскиот договор и дека одлуките за неговото продолжување ќе ги носи со „студена глава“, но и со поинакви постулати во иднина.

Косовскиот претседател Хашим Тачи посочи дека косовската полиција дејствувала во согласност со законите и овластувањата при апсењето на Ѓуриќ.

Тачи ги повика жителите на Косово на смиреност и рече дека Ѓуриќ нелегално влегол во Косово и дека овој случај не треба да ја попречува комуникацијата меѓу Косово и Србија, дијалогот меѓу двете земји и напорите за нормализација и помирувањето меѓу двата народа.

Но, преставниците на Српската листа во Приштина по настаните во Митровица синоќа усвоија иницијатива за напуштање на Косовската Влада.

Претседателот на косовскиот парламнет Кадри Весељи во врска со настаните изјави дека со апсењето на Ѓуриќ „Косово ги презентирала своите закони и полниот суверенитет“.

– Очекуваме од Србија да го почитува нашиот територијален интегритет и суверенитет порача Весељи.

Вооружени припадници на косовските специјални единици РОСА вчера влегоа во салата во Косовска Митровица, каде што се одржуваше најавениот „дијалог за Косово“  и со употреба на шок бомби и со присила го приведоа Марко Ѓуриќ, при што повреден  е и неговиот соработник Жељко Јовиќ, како и повеќе други лица, меѓу кои има и новинари.

Ѓуриќ по приведувањето однесен е со блиндиран автомобил и со вооружена полицијска придружба  во Приштина, каде е изведен пред судија за прекршоци, по што беше депортиран од Косово за Србија

За време на акцијата се огласија сирените за воздушна тревога, а Србите од Северна Митровица се упатија на мостот на река Ибар, а го блокираа и патот од Митровица кон Приштина.

Приштина вчера утрото најави дека нема да дозволи влез на територија на Косово на Марко Ѓуриќ и нa Никола Селаковиќ, кој е генeрален секретар во Кабинетот на српскиот претседател, како и на министерот за одбрана Александар Вулин и министерот за култура Владан Вукосављевиќ.

И косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли предупреди дека без дозвола никој не може да влезе на територија на Косово.


Извор: МИА

Tags: АпсењеВучиќ. ТачиКосовоКосовска МитровицаСовет за безбедностСрбијаСрпска листа
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ