Во Мариупол, уште еден од обидите на руските напаѓачи да ја нападнат областа на фабриката за челик Азовстал заврши со нивно бегство и загуби.
пренесува Укринформ, Твитер објава на Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол,каде објави и видео на кое се гледа бегството и загубите на напаѓачите по нивниот напад на Азовстал.
„Видео од последните улични борби во областа Азовстал. Тоа е уникатно затоа што обично ги гледаме ТикТок борците само со празни прозорци. Еве кои се вистинските последици од обидите на руските маринци да го нападнат Азов и нашите маринци“, напиша Андриушченко во објави на видеото.
Претходните извештаи говореа дека околу 1.000 цивили и украински војници, вклучително и околу 500 ранети, престојуваат во фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Украинските власти бараат Русите да гарантираат итен хуманитарен коридор од централата.
Борбите во Мариупол продолжуваат иако на 21 април, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека вооружените сили на Русија и на Доњецката народна република, го ослободија Мариупол. Според Шојгу, дел од „националистичките“ формации се засолниле во индустриската зона на фабриката „Азовстал“, и дека , на руските војници им требаат три до четири дена, за да ја довршат работата на „Азовстал“.
Истиот дена, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека руските сили дента, на 21 април, ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
– Пред ручек или после ручек, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација, рекол Кадиров во аудио порака.
Девет дена подоцна од прогласеното „ослободувањето “ на Мариупол, сеуште се водат борби во градот и се врши гранатирање на Азовстал.
Војниците на Азовскиот полк, украинските маринци и моторизираните стрелци продолжуваат да го бранат украинскиот пристанишен град.
Подготви: Д.Мишев