• Latest

Уставниот суд го отфрли барањето на Антонијо Милошоски, подобрувањето на Индексот на перцепција на корупцијата е за поздравување, тензична атмосфера околу изборот на Јовески

February 1, 2023
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најмалку 40 мигранти, вклучувајќи бебиња, загинаа при потонување на брод кај Тунис

October 23, 2025
Изгорениte остатоци од возило во кое се наоѓале новинарката на „Слобода ТВ“, Олена Храмова, и снимателот Јевген Кармазин, кои беа убиени во руски напад со дронови врз Краматорск на 23 октомври. Фото: Гувернер на Донецката област, Вадим Филашкин/Телеграм

Двајца украински телевизиски новинари убиени во руски напад со беспилотно летало врз Краматорск

October 23, 2025
CCTV камерите го снимија моментот на експлозијата во Копејск во близина на Чељабинск, Фото: Астра/Телеграм

Масивни напади на украински дронови на руска територија: Пожар во рафинеријата во Рјазан, прекин на електричната енергија во Белгород,10 мртви во експлозија во фабрика за муниција во Урал

October 23, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компании

October 23, 2025
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Уставниот суд го отфрли барањето на Антонијо Милошоски, подобрувањето на Индексот на перцепција на корупцијата е за поздравување, тензична атмосфера околу изборот на Јовески

February 1, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободи и права на Антонијо Милошоски

Уставниот суд на денешната седница го отфрли барањето на подносителот Антонијо Милошоски за заштита на слободи и права како акт со кој му биле повредени слободите и правата. Имено, во конкретниот случај подносителот истакнува барање за заштита на слободи и права a како акт со кој му биле повредени слободите и правата приложи обвинителен акт и решение со кое обвинителниот акт бил одобрен во целост, меѓутоа Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот, туку станува збор за поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тупанчески: Подобрувањето на Индексот на перцепција на корупцијата не е доволно, но е за поздравување

Формално правно земено, ние имаме подобрување на состојбите за неколку места и тоа е за поздравување. Дали е доволно – не е доволно, меѓутоа, сепак, самиот чин или самиот податок дека имаме поместување во позитивна смисла на зборот, вклучувајќи ги и земјите од регионот дава надеж дека некои работи минимално, меѓутоа се поместени во позитивна смисла на зборот. Добро е тоа. Меѓутоа, ако ме прашате мене како министер треба уште многу да работиме за подобрување на состојбите на тој план. Ова е само мотивирачки, изјави денеска Тупанчески по посетата на Апелациониот суд во Штип.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија се подготвува за „максимална ескалација“: Русија се подготвува за максимална ескалација на војната во блиска иднина, главните борби допрва следуваат, смета секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов.

Прием на Украина во ЕУ: Украина, заедно со своите партнери, мора да најде одговор на прашањето како да се погрижи по победата на Украина, општеството во Русија, земјата што ја започна оваа војна, да престане да размислува агресивно и да бара физички да го уништи својот сосед, вакво мислење во етерот на националниот телетон изразил заменик министерот за надворешни работи Андриј Мелник

Можни сценарија доколку Путин ја изгуби војната: Војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина требаше да биде неговото крунско достигнување, демонстрација за тоа колку далеку стигнала Русија од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Анексијата на Украина требаше да биде првиот чекор во обновата на руската империја. Не испадна така. Киев остана силен, а украинската војска се трансформираше во сила, делумно благодарение на блиското партнерство со САД и западните сојузници.

Украина го проучува извештајот на ХРВ: Украина го нотираше Извештајот на Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч (ХРВ), кој ќе биде соодветно проучен од надлежните органи на Украина, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОР НА УСТАВЕН СУДИЈА Во тензична атмосфера денеска продолжи расправата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

АЛТЕРНАТИВА ОДЛУЧУВА Најтесното раководство на владејачката Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата

СРЕДБА ЏАФЕРИ – ГИР На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Собранието, парламентарниот дијалог, работата на ЕУ агендата и динамиката на усвојувањето на законите, вклучувањето на Собранието во скрининг процесот и напредокот на Дијалогот Жан Моне, а соговорниците се осврнаа и на уставните измени.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ Државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев, денеска во Воената академија го отвори работниот состанок на групата на НАТО за напредно учење на далечина, каде се дискутираа начините за развој на процедури и политики кои ќе овозможат ефикасно напредно учење на далечина и во време кога континентот се соочува со сериозни безбедносни предизвици и отворена воена агресија.

РАЗВОЈНА БАНКА Во период на криза успеавме умешно развојната банка да ја направиме најдобрата алатка во финансискиот систем којшто воведе нови механизми, инструменти за поддршка и развој на нашата економија.

ЕНЕРГЕТИКА АД ЕСМ вчера произведe 19.626  мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, информираат од Владата.

РЕГИОН

ХРВАТСКА Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно се најде на удар на хрватската јавност , посебно откако завчера изјави дека „Косово е украдено од Србија“ и дека „Крим никогаш нема да биде Украина“. Поради ваквиот негов став, лидерот на истарскиот демократски сабор (ИДС), Далибор Паус денеска изјава дека се оди во правец тие како партија да не го поддржат Милановиќ на изборите за втор претседателски мандат.

СВЕТ

ТУРЦИЈА Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

ЛИТВАНИЈА Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис ги повика земјите-членки на Европската унија повеќе да не бидат домаќини на руските амбасадори.

САД Зимското невреме, проследено со ледена бура,  вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз.

АЛ-ПРЕС

Договорот помеѓу Косово и Србија е и понатаму жешка тема во албанските медиуми во Косово, во Албанија од денеска стапува на сила новата судска карта – пет Апелациони судови се спојуваат во еден, во главниот град – ова се дел од темите од изборот на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

 

АНАЛИЗА

 

Љубомир Костовски

Пактот Јанша – Вучиќ и јакнењето на балканската десница

Словенечките и српските власти пред последните парламентарни избори во двете земји си помагале во изнаоѓање податоци со кои сакале да ги оцрнат водечките политичари на опозицијата, пишува словенечкиот портал Necenzurirano.si, а пренесе N1. Ова сознание секако укажува дека на Балканот има сериозни контакти на лидерите на десничарските партии во елиминирање на „непријателите на моите пријатели“. Геометријата на тие врски секако не е само врзана двонасочно (Белград – Љубљана и обратно), бидејќи политичкиот ромбоид во кој влегуваат и Будимпешта и Скопје не е невозможен, барем заради блискоста меѓу десничарските партии и лидери. Во оваа афера неволно е вклучена и Подгорица, пишува Љубомир Костовски во денешната анализа.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Дехран Муратов

„Патриотите“ откако го одбранија Аце – ќе го бранат Гоце

Истите тие центри кои пред речиси 5 години ги заплашуваа граѓаните (македонските патриоти, или оние кои се уште не се помирија со промена на името и викаат „никогаш Северна“), дека со „бугарски кран ќе се егзекутира споменикот на Александар Македонски во Скопје“, денеска ги заплашуваат дека мора да го бранат гробот на Гоце Делчев, оти како што велат: „ако го изгубиме Гоце Делчев – ќе ја изгубиме историјата, се губиме сами себе како Македонци“, пишува Дехран Муратов во денешната колуна.

 

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВестиизјавиполитикарегионСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ