АД ЕСМ вчера произведe 19.626 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, информираат од Владата.
При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 15.351, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.275 мегават часови електрична енергија.