• Latest
Фото: Парламент на Албанија

Усвоени измените на Законот на државјанство, Албанците од Северна Македонија и Косово немa да полагаат испит за албански јазик и историја

September 22, 2023

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Усвоени измените на Законот на државјанство, Албанците од Северна Македонија и Косово немa да полагаат испит за албански јазик и историја

September 22, 2023 12:30
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Парламент на Албанија

Фото: Парламент на Албанија

Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот парламент со 97 гласови „за“ од потребните 84 ги усвои измените на Законот за државјанство, со кое меѓу другото Албанците од Република Северна Македонија и од Косово нема да полагаат испит за познавање на албанскиот јазик и историја.

Овие две измени беа дополнение на веќе предложените од владата, што ги побара министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

-Граѓаните на Косово и на Северна Македонија, каде албанскиот е официјален јазик, го зборуваат јазикот како и ние и добро ја знаат нашата историја како ние, да не мора да подлежат на тест за јазик или познавање на историјата. Во оваа перспектива ќе се направи исклучок за земјите каде албанскиот јазик е официјален јазик, рече Бала.

Со измените е предвидено укинување и на други критериуми за негово добивање.

-Од странците повеќе нема да се бара да го знаат албанскиот јазик за да добијат албанско државјанство доколку добиле дете за време на нивниот редовен престој во земјата. Во член 1 од предлог-законот, албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја доколку за тоа согласност дадат двајцата родители, иако поседуваат други државјанства, кои легално престојувале на албанска територија. Со досегашниот закон право на државјанство добиваа со наполнети 18 години, се дел од измените.

Право на албанско државјанство можат да добијат и родителите на дете родено во Албанија доколку непрекинато живееле на територијата на земјата најмалку три години, без разлика дали го познаваат или не албанскиот јазик.

Странецот, чие малолетно дете има албанско државјанство, може да поднесе барање за стекнување државјанство со натурализација иако не го исполнува условот за познавање на албанскиот јазик доколку легално и континуирано престојувал на територијата на Република Албанија најмалку три години.

Државјанство ќе се добива и во случаи кога Република Албанија има национален интерес или интерес во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот.

Tags: АлбанијаДржавјанствоКосовоСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ